Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наша проза (на членовите на фемина)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од free, 17 март 2010.

  1. elenadaceva

    elenadaceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    5
    KAKO IZGUBENA PCHELKA KOJA SEUSTE NE NASHLA CVET..
    KADE SHTO KE MOZE DA GO SOBERE SVOJOT MED...
    ZABLUDUVAM I MISLAM
    SE PLASHAM DA PISNAM......I BI SAKALA DA VRISNAM
    A NAJMALKU DA KISNAM
    I PRISETUVAM NA SITE UBAVI MONETI POMINATI SO TEBE....
    MISLEJKI DEKA VEKE NEMA
    DA GI POMINAM SO NEKOJ DRUG...
    I ZATOA SEKOJ MI E TUG
    NO BESPOLEZNOE ZNAM
    A SEKOGAS SE KAAM...AMA OD VELEJKI DEKA OD GRESHKITE SE UCHI...
    MENE VEKE OD POUCENIJA GLAVAVA MI BUCHI
    SE NADEVAM NA PODOBRO UTRO
    I NAOGANJE NA NEKOJ IST KAKO TEBE...
    DEKA ZNAM NIKOJ NE ME ZNAE KAKO TI MENE
    ZBOGUM E TESHKO DA KAZAM
    AMA ZASTO SEUSTE DA SE LAZAM
    I BESCELNO DA TAZAM.......
    ZBOGUM ...IZVINI STO TE SAKAV..STO SO TEBE SE SETAV I SEKOGAS TI SMETAV ...... :* :* :*
    iaaaaaaa ovaa mi bes emometalna isnpiracija :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На katu6 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    му рекоб "збогум" но, како да не сакав .. друго не знаев што да кажам ... :( за прв пат во животот се најдев на еден крстопат, крстопат од љубов - љубов кон тебе и кон мојата мајка ... кое да биде моето конечно решение? за кого да се одлучам .. за прв пат во животот не знам што да мислам, не знам што да кажам, не знам што да чувствувам .....
     
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Што може да ти донесе една лична одлука? -размислував...Среќа или тага трето нема.Во мојот случај изгледа дека Бог решил сепак да нема алтернатива, и ги спакувал куферите на среќата и и ја покажал вратата за излез од мојот живот.Ме фрли како партал на овој крстопат од очај и збунетост и ми дозволи да го видам крајот на секој пат од него а тоа е Казна!
    Мора да сум била некоја грешница во претходниот живот-си мислев,па сега го плаќам тоа.

    Мајка или Тој.Каков избор е тоа по ѓаволите,за кого да се одлучи срцето?За оној кој ти ја подарил сегашноста или за оној кој ке ти ја подари иднината?За оној кој те носел во утробата или оној кој те носи во срцето? И двете значат исто -Љубов!!Не е иста ама љубов е,искрена ,чиста и голема.


    П.С.Малку се занесов и е подолго ова,се надевам не замерувате:)
     
    На marama и red им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Таму

    Воздухот беше неподносливо леплив, мемлив. Се мачев да ја дофатам последната смоква на дното од теглата.
    Денот веќе беше изброил 16 часа кога на вратата се појави мајка ми.
    – Јадеше?
    – Не.
    – Бледа си. Да наместам ?
    – Ако.
    Молкум го посла црвениот точкаст чаршав. Погледот и блееше низ прозорецот.
    – Ќе прошетаме после ручекот?
    – Знаеш дека не смееш.
    Ликот ми се скисели. И смоквата не ми беше повеќе блага, скорбут ми ја поплави устата.
    – Оди си, глупачо! – се издрав.
    Ме погледна немо, со превез на тажна пајажина.
    – Измиј си ги рацете, ти се лепат.
    И замина.
    Глупача. На рацете имав само модрици. Каишите премногу ме стегаат.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Кога се решив да продолжам по патот кој води кон целта,бев сигурна и полна со самодовердба.Сметав дека сум способна да се справам со препреките на кои ќе наидам,но,таа самодоверба пополека испаруваше од мене.За секој нареден чекор кој го превземав чувствувам вина,чувстувам дека погрешив!Зар вечно ќе биде!?Зар секогаш ќе дозволувам стравот да навлезе и да владее со мене?Зар има бар капка надеж во мене дека еден ден ќе можам барем да ја погледнам целта,да се тешам со тоа дека сум блиску?Можеби таа капка надеж ќе протече и ќе се изгуби помеѓу темните мисли и стравот кој се наоѓа во мојата душа,или пак,можеби ќе се разлее врз моето срце и ќе ме ослободи од ова чувство на вина...
    Надежта не умира,но иднината ќе покаже дали сум доволно силна да го преболам овој период...
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  6. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Баш сега кога си ја замислив иднината со тебе, ти ја приредуваш оваа драма!?
    Зошто го правиш ова!?
    Што сум јас за тебе, авантура, играчка, љубов . . .
    Толку ли ти беше тешко, да ми посветиш трошка внимание!?
    Иднина, секаква ама среќна не, едноставно на некои луѓе не им е судено да го вкусат виното на среќата . . .
     
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Зарем толку среќата е недостижна? Зарем толку високо се искачила на планината ?
     
  8. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    ги гали облаците со својата непокорна грациозност......а сепак толку далечна!
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    можеби се случува со некоја причина..причина која не ја гледам, причина која е невидлива за мене..можеби е горка причина за која не би сакала да слушнам, па затоа би требало да се разделам од тебе..
    не знам со кого да продолжам..едно е мајка, а друго си ти!!!
    мајка ми ме погледна искиривено..очигледно е дека не сака да ме гледа таква кисела, горчлива, тажна.. но сепак беше очигледно дека постои тајна за моето однесување..тајна која беше болна, не беше едноставна, поминаа толку денови, а таа уште не беше преболена и заборавена, мама ми рече:
    -што си таква? те мачи нешто?
    а јас така занесена во тагата и болката со тивок глас одговорив:
    -не, не.. само не сум расположена..
    -за да бидеш нерасположена ти треба повод ќерко, а ти го немаш! ти имаш повод да се радуваш, да се радуваш на животот и на самата себе, веќе си добра и паметна девојка!
    -мислам дека јас го имам тој повод кој те носи кон нерасположението - реков тивко..
    мајка ми некако како да насети нешто, но беше збунета од мојот одговор, и таква збркана се заврте и тргна кон вратата од собата..
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    I wake up and the first thing that i think about is YOU. I'm struggling to fall asleep at night cause I'm thinking of you. Oh, what a guilty pleasure is just to look at you, talk to you. I love your smile. I love the way you make me laugh. Damn, you're asking who i am in love with, you're telling me that I'm mad about him.. How funny, isn't it? Cause the one that i love so is standing in the room, right now, right in front of me. Cause it's you. I spent hours and hours talking to you and never got bored. I could even spend my whole day just looking at you. Standing right here, beside you. I could spend a lifetime just looking into your eyes. When I'm with you time is passing by so quickly. Remember when you were sitting next to me, suddenly turned around and looked into my eyes, so deeply.. I wonder if you noticed, all the love that was inside them. I couldn't stand that look of yours, it was too tempting and so loving. It was the most beautiful moment in my life. I burst out laughing, just to hide my oh, so strong feelings that i felt. That was love, i know. This is love, that I'm feeling. But there's so much insecurity, fear and sadness in me too. I can't bear that pain of not having you and knowing that I'll never have you. You can easily turn my smile into tears and turn my tears in a smile. I love talking to you, whatever the subject and whatever the place. It doesn't matter. Cause we're here. I hate it when you don't even notice me. Don't talk to me. Don't smile at me. Than, all my happiness is gone. It all turns into dust. I feel anger and sadness and i just can't live with it. Just say you love me, that's all i need. Take my hand and kiss me. Be with me. Let me feel your touch on my skin, let me feel YOU. That familiar voice, that familiar face. Every time you touch me i feel so fluttering, so secure but so scared at the same time. Cause i know, i shouldn't be here, i shouldn't be with you. I couldn't, i mustn't. But at the time it doesn't seem to matter so. Damn, i like you, i want you, i LOVE you. I like your face, your touch on my skin, i like how funny you are, your EVERYTHING. But, you don't give a FUCK for me. You don't really care for me. That's just the way you are. I guess you leave many hearts broken.. Mine's too. I still hope for that day when you'll say: I love you! I miss you. Hug me, kiss me, your hands all over me. Oh, i'll never have that. I'll never have YOU. Damnitt.



    P.S I love you. I'll never get over you.

    Знам дека е подолго.. ама што знам момент на инспирација. Го имам постирано истово во ваши дела - поезија и проза, ама дури сега видов дека имало само за проза - и го поставив и тука. Се надевам дека е добро.. :*
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^ Си ја згрешила темата тука правиме наша приказна ;)
    Јас да продолжам...

    Таа се заврте и во молк си замина, јас пак останав сама со својата огорченост во собата.
    Зашто морам да бирам... зашто... зашто кога сум на чекор до среќата таа повторно бега од мене.
    Туку ајде да престанам да се сожалувам, денеска е нов ден којзнае што ли ќе донесе.
    Неочекувано и незнам од каде ме налеа бран на оптимизам. Не е се така лошо, кога има љубов има и надеж, доволно е што знам дека ме љуби, ќе најдеме начин да сме заедно.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Таа не знаеше за молк, затоа што во куќата отсекогаш се зборуваше гласно и се викаше како некој да се корне од тукушто родено чедо.
    Несфатливо и' беше да заплаче - солзите беа непожелни, несвојствени, срамни и туѓи.
    Го мразеше семејниот ручек, тропотот на сребрените лажици, нивните восочни лица и начинот на кој брзаа да си ги измијат рацете откако ќе се поздравеа со некого.
    Еден сосема обичен ден, отиде да прошета и за миг се најде во мал универзум на тишина.
    Си купи сочно јаболко и го загриза со црвените усни.
    Бес, омраза и гнев се испишаа на ликот на младата девојка и солзите одговорија на мислите кои се проткајуваа како ниски на бисерен ѓердан.
    Не си ги изми рацете откако го доврши јаболкото.
    Кога поубаво ќе помислам - не го ни изми јаболкото.
    И додека стигна до куќниот праг - п о л е т а.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    И додека стигна до куќниот праг - п о л е т а.

    Полета со крилата на занесот. Колку беше само убаво чувството да си таму горе... во облаците. Како слободна птица ги ширеше своите раце. Ветрот и ја милуваше целата снага, а таа ги затвори очите препуштајќи му се на моментот. Во тој момент не постоеше ништо, беше таа сама заедно со своите соништа и илузии. Соништа и илузии кои правеа Таа да заборави да живее во реалноста. Честопати скиташе низ други димензии, низ други светови, барајќи нешто што очигледно неможеше да најде во реалноста...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Meceчината молчи.Молчам и јас. Само ветерот ја руши бесцелната морничавост која полека ми ја лади крвта.Ниту дете, ниту жена.Ниту грешница,ниту светица.Само бескрајно вознемирено суштество, изгладнето за љубов.
    Распарчената душа лежи некаде длабоко во мене... Мојот кристален свет го скрши твоето непоклебливо збогум, а јас останав далеку од небеските кочии и сончевото руменило..
    Часовникот чука, а времето стои.Лугето поминуваат низ мојот живот не оставајќи никаква трага. Патиштата се спојуваат и пак се разминуваат...Часовникот отчукува а времето стои..Месечината молчи..молчам и јас..

    п.с: Ама депресија ме имаше мавнато кога го пишував ова :x
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тој беше боем а јас заљубена мала...
    Никогаш не ми падна на ум дека ќе ми го распрачи срцети на 1000 дела и дека во секој дел ќе остане пак тој.. тој човек што не беше за жена како мене.
    Тоа разочарување ми го разбранува животот, од тогаш немам мир, едвај заспивам без желба се будам...
    и повтрно пак ми треба.. толку очајно... толку проклето.
     
  16. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Кога сонцето ќе зајде и квечерината ќе се спушти над мене започнува моето лутање. Лутам со мислите, занесена, изгубена и само за едно знам. Тебе. Го слушам твојот шепот кој го згаснува треперењето, ме обвива, ме понесува во своите прегратки и ме воздигнува угоре.. Онаму каде што си ти. За миг се исчезнува. Таа прекрасна бајка завршува. Повторно сум на суровата ливада, занемена, осамена и исплашена. :$
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Некои луѓе наоѓаат некого само колку да се скрасат, да не бидат сами.
    Некои, едноставно посакуваат магија.
    Јас сум една од нив.
    Не ги ставам моите чувства на распродажба, и можам да ги залажувам некој период, да ги хранам со евтино сирење и малку скиселено вино,
    но на крајот самите си бараат кавијар и кристал.
    И не може поинаку.
    Во спротивно, се закануваат дека ќе ме напуштат, засекогаш, ќе ме остават и ќе се претворам во камена статуа.
    Затоа не смеам да ги лажам.
    Да се преправам пред нив.
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Да, нема да се преправам..
    Тој кој толку ми го уништи срцето и ми рече да одлучувам помеѓу него и мојата најблиска- мамичка!
    Но.. нема да се преправам! ....
    .....Нема да се преправам дека НЕ го сакам.. јас навистина го сакам, а и веќе одлучив дека нема повеќе глумење и преправање..! :shake: Но .. најубавото или секогаш боли или секогаш кратко трае..Таква е и мојата приказна.. Ем кратко траеше, ем боли!!!
    Ја изгубив надежта, а ми рекоа дека надежта последна умира.. епа можеби ПОСЛЕДНА умира, ама СЕПАК умира..!!
     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ... последна умира,ама сепак умира.
    Зошто мора се да течи по тој пат? Зошто убавите нешта кратко траат? Зошто за миг забораваме на тие воздишки, на тие прегратки, на тие зборови? ... Каде одат нештата. Кон каде не влечи овој живот. Зарем не треба еднаш да сватиме дека не е се така лесно?... дека секое утро доаѓа со нови проблеми, со стари болки. Прими сочуство, умре мојата љубов кон тебе. :u: :u:
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Момент како кула од карти, наизглед совршено изградена....и одеднаш сето тоа се руши! Светот околу тебе ја губи бојата, ја потиснуваш тагата, болката и солзите- се смееш, само поради тоа што не сакаш да ја зголемуваш тагата и болката на најблиските, но сепак се надеваш за утрешниот ден...
    Блиските личности се покрај мене поради мојот карактер, но карактерно и да сум најлошиот човек на светот јас себе си пак ќе си се сакам.....јас како личност единствено можам да се видам во огледало! И кога во огледалото повеќе не се гледаш себе си, тоа во огледалото не ни наликува на тебе (денеска знам дека таа девојка во огледалото беше борецот во мене и многу ја сакам), тоа е страшно - светот и понатаму се руши, но знаеш дека мораш да продолжиш понатаму!
    И кога сите други не се оптимисти - ти си! Се смееш на секој нов ден, не даваш на солзите да излезат на површина, за се лошо - велиш ќе помине. Секој ден е еден вид на маскирање, самодовербата ја снемува, но почнуваш да одбројуваш до крајот - крајот на трката од која резултатите се гледаат подоцна.....Се радуваш на крајот, дури и почнуваш да плачеш од среќа, болка - за се поминато, но и страв (кој ќе биде победникот?)...Сепак од тогаш до сега победникот сум јас, ќе бидам и утре, за месец, за година, до крајот на животот - водејќи се од оптимизам!
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.