Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наша проза (на членовите на фемина)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од free, 17 март 2010.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    8.491
    Пол:
    Женски
    Со лажна насмевка на лицето ќе ги залажувам сите околу мене баш поради големата љубов што ја чувствувам внатре во душата и поради преголемото радување на туѓата среќа.
    И се` уште себеси се гледам како човек во чии очи е реалноста,а истовремено и оптимизмот,како човек кој воден од чудесната магија на животот станува наутро со насмевка па колку и да била горчлива судбината.Да,горчлива како сок од рен.Длабоко закопани горчливи корени на болката,а сепак на површината се гледа надежта за подобро утре...
     
    На 2468 и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  2. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски

    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/02J7WGdcwxY?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/02J7WGdcwxY?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>

    Го читам текстот а во позадина ми оди Secret Garden, ми се поклопи моментот, совршен спој на мелодија и лирика. :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Знаев дека се доаѓа спонтано.Знаев дека ме очекуваат изненадувања и пресврти,но никогаш не ни помислив дека светлината толку силно ќе се појави над мене.НЕ го очекував тоа.Очекував поедноставно изненадување а ова беше преголемо за мене.Толку светлина ме облеа што за миг не знаев на која страна се наоѓам.Дали на таа лажната,во која се живее со мечти и фантазија или на онаа другата,каде твоите соништа неможат да променат ништо? Линијата помеѓу овие спротивности е тенка..а јас помислив дека поголема е веројатноста за првата страна.Но,се излажав.Среќата сакала да ме израдува и тоа многу.Со тоа што ми дозволи да те запознаам таа веќе доволно направи.Твоите очи имаат поглед кој убива,поглед кој ме вознемирува и не ми дозволува да те заборавам.Не ми требаше многу за да сфатам дека ти си посебен...Ти си нешто што ме прогонува и ми зборува дека не смее да биде заборавено од моја страна...
     
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Да, не смее да биде заборавено, така ми велеше.. Но, тој ме уцени, а јас толку заљубена му поверував во уцените! Како можев да не гледам што се случува околу нас?! Како можев да бидам толку слепа? Со неверување си ги протривам очите и се сеќавам на тоа што ми го кажа, а ми кажа ’Те Сакам’.. зарем толку лесно му поверував? Уф, зарем толку морам да страдам заради љубовта? Зарем тоа убаво чувство е преполнето со толку болка и страдање? Е вака веќе Не Може !!!!
     
  5. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Полека се растопува тагата во мене. Се создава место за новата мисла што ја засени болката во срцето.Длабоко погледнувам во срцето и не ја разбирам лудоста што е внатре. Зборот ја извиши болката, а болката ја замени лудоста. Додека гледам, не ми е грижа што ме прави будала. Допирот роди желба и сфатив дека тој е прекрасен лажго, а јас морам да го пуштам на слобода. Остана невиноста без вина.
    Полека се вратив. Мислата ја победи болката,а ние останавме незаменливи.....
    Каков сон е ова?
     
  6. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Сон кој што неможе ниту за момент да исчезне од мојота реалност,од мојот живот.
    Мислата ја победи болката,а ние останавме незаменливи...но се плашам дека ова мисла ќе трае прекратко и повторно ќе ја почуваствувам болката.
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Го паметам само дождот и тој голем облак,
    грамади..... а не се планини ниту ридови,
    само една зграда, мртва тишина и мирис на неизвесност.
    Илјадници шилци паѓаа од небото низ металните олуци.
    Тука некаде се мешаше звукот на тропот камења и камбана,
    просто да не знаеш кој звук повеќе те ежи.

    Само прозорци кои гледат еден во друг, секој се крие зад скапите завеси.
    Сив чад излегуваше штом ги отвореа малите вратички,
    чад полн страв, неизвесност...
    како смог и плин да извираше од нивните домови.

    Мали луѓе, мали вратички а големи тврдини,
    доволно големи за да соберат страв, злоба... мали души.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    8.491
    Пол:
    Женски
    Стоев сама,исплашена од судбината и исплашена од секој звук што ќе се створеше околу мене.Бев само како мал пион поставен на сред темна и страшна улица.Бев само човек,човек кој тони во неизвесност и човек кој се дави во прашината на чадот.
    Моите солзи тежеа како олово.Шилци ме бодеа под ребрата,таму лево...И кога гледав во прозорите одвреме навреме како да постоеја некои силуети на среќни,гушнати луѓе,како да имаше силуети на девојчиња кои си играа со барбиките и како да имаше многу посреќни луѓе од мене на светов...
    Каде сум јас?Во кој свет потонав?
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Поставувајки го ова прашање низ моето лице се стркали уште една солза во која се криеше мојата тага, мојот гнев, гнев кон мојот суров живот...сакав како што солзата ме напушти така и тагата ноо... за жал знам дека тоа е невозможно...
    Се додека мислам кого да изберам јас ке бидам несреќна а знам дека дека никогаш не ми можела да изберам меѓу мајка ми единствената личност која би умрела за мене и секогаш правела се за да ме усреќи и помегу љубовта која може да ме направи најсреќната личност.....
     
  10. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Но, што ќе вреди животот без страдање, без болка во срцето, без радост и солзи на лицето? Го погледнав длабоко во неговите очи и во нив ја видов мојата насмевка. Посакав желба, ги затворив очите и климнав со главата. Болката ја почувствував како жар што ме пече, но не сакав само да се завртам и да заминам без да се поздравам. Тој молчеше и ме гледаше. Помислив дека е тажен, но не сакав да поверувам. Моите чекори одекнуваа во мракот. И посакав да каже еден збор....
     
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Го наведна погледот ја пушти цигарата ја згазна со стапалото....Ме погледна..знаеше што ми е потребно :?:
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Почуствував топол бран на емоции. Една искрена, мека, утешлива прегратка. Ова не беше сон. Целата депресија, целата тага се свртија за 360 степени.
    Изчезнаа облаците на небото. Го снема дождот.
    Започна да дејствува хормонот на среќата.
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    дали е ова вистина.Се чуствувам толку топло,нежно во неговата прегратка,мислам дека се застанало во светот,дека не постои ништо освен него,дека сум...среќна.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Љубовна сум, љубовна и ќе си умрам некој сончев ден. Некогаш не сакам, некогаш сакам да полетам слободно и сама и се раѓаат патишта низ коските затоа што сонувам и си се смешкам на ризиците. А повторно не се каам за ништо. И повторно не се плашам од болка. Јака Жена се издигнува од креветот на светот..
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Животен циклус

    Доаѓаат моменти во животот кога сме само уште еден патник во очите на надворешниот свет... Кога очите на оние што ни мислат добро не’ гледаат со сожалување, а очите на злобниците се ситат на нашиот пад, со потсмев гледаат на нашата гола изложеност кон се’ што наоколу продолжува да се случува, како дел од оној т.н. „циклус“ на животот. А ние, самите сме заглавени во тој „циклус“, неможејќи да си го најдеме своето место во него. Ем изгубени, ем голи... Совршен рецепт за секоја наша наредна (не)рационална постапка, за секој наш (не)сигурен чекор, за (не)среќна завршница на секоја наша приказна... И резултатот веќе е очигледен за сите, освен за нас, самите... Ние слепо, но упорно одиме кон тој пат, целосно предадени на судбината која таму некаде не’ „чека“, не пружајќи отпор на нештата кои свесно нагризуваат во она што сме, а ги проголтуваат соништата за она кон што се стремиме... А бездната е се’ поблиску, поблиску, и поблиску... Додека спомените за некое посреќно минато избледуваат, и избледуваат, и избледуваат... И делуваат недостижно, се наоѓаат на скалило повисоко од она на кое сме ние денес. Но, токму тука лежи и проблемот... Што стремејќи се да го достигнеме нивото на тоа лично „совршенство“ од минатото, забораваме дека ние можеме да се искачиме и скала повисоко во иднината... Со тоа што за минатите грешки, ќе стиснеме заби, ќе ја потиснеме нашата гордост... И ќе си простиме во сегашноста...

    [​IMG]
     
    На anneyy и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    А додека стоев сама и размислував, одненадеш се појави тој. Со таа негова заводлива насмевка, длабок продорен поглед и допир од кој ме лазат морници. Но знаев дека е крај, дека овој пат нема да му успее и покрај се бев упорна. Сакав да зажали за се, сакав да пати и да очајува... За мене.
    Заминав, но болката која ја чуствивав се повеќе со секој направен чекор кој беше оддалечување од него, од меговиот тажн поглед кој не го очекуваше ова беше неподнослива.
    Утре е нов ден, нови мисли и пак нови соништа кои ќе ми помогнат да го заборавам барем накратко ова проклето секојдневие со лаги околу мене.
    Се надевам...
     
  17. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    НАДЕЖТА последна умира...старо правило,но сепак неможе да умре откако мене ќе ме нема.Се вртам себеси во круг повторно барам надеж,на секое прашање пронаоѓам одговор кој со себе носи прашање.Можеби треба да престанам да барам,можеби сум и на погрешна трага,можеби и не треба да ги барам одговорите зошто можеби ги знам...закопани се длабоко во мене со НАДЕЖ дека ќе ме пронајдат.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Темава не е за ваши дела, еве ја темата literatura-i-umetnost/vasi-dela-poezija-ili-proza-t265/
    За ова е темата, ве замолувам да го прочитате воведното мислење пред да напишете пост. :)
     
  19. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Утрово ме разбуди алармот на мобилниот кој секогаш ми стои во близина за да можам брзо и лесно да го дофатам и да го исклуча, всушност бразам да го исклучам зошто го мразам тој звук што секое утро безобразно ме буди од сонот кој го обожавам зошто така се чувствувам слободна и среќна.
    Но, кога ги отворив очите ја здогледав дневната светлина, и веднаш си помислив впрочем како и секое утро во последните неколку години [*]кој ден сме денеска[*] ќе си размислам убаво кој ден сме денеска и тогаш полека ќе станам од креветот и тогаш почнуваат проблемите од кои глава неможам да кренам, затоа почнав да ги мразам утрата, а да ги сакам ноќите во кои тонам во слободата и безгрижноста, но тој спокој секој ден ми го уништува првиот зрак на сонцето и светлината на денот.
    Колку ми недостига спојкот на безгрижните денови................................................................ :(
     
  20. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    И одеднаш, останаа само празните зборови, празните ветувања, лагите кои допрва треба да си ги изнакажеме, солзите кои допрва за некои ќе се радосници, а за друг...е што ни е гајле за друг бре? Се присетувам на времињата кога бевме мали. "Мамоооо фрли 30 денари, и Елена има толку". Подоцна, нештата се сменија малку. "Мамо, сите се пуштени до толку". И добивавме отсечен одговор "што ти е гајле за другите". И не му замерувам, сите израснавме во тој дух, да не се грижиме за другите. Така тој не се грижи за мене, јас за некој друг и се така во круг. А зборовите болат, но и нив не им е гајле, затоа што се кажани од луѓе кои можеле да размислат и да сфатат дека и покрај црнилото, нештата можат да се исправат. На подобро, се разбира."Животот е сон" читам на дисплејот. Aко е така, се прашувам, од кого зависи дали сонот ќе го претвориме во кошмар? И ќе се сетам на еден цитат од мојата професорка по македонски јазик "Чиновите во животот се кратки, а паузите долги". Eпа не паузирам. И да, не ми е гајле за другите. Oд денес живеам по мои правила!