1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наша проза (на членовите на фемина)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од free, 17 март 2010.

  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Кој знае, можеби пак ќе почнам да пишувам. Збиена алегорија, метафори и оксиморони, веќе го имам планот. Пред да те однесам на бродот во ноќта, тебе височество Читателу ќе ти се обратам да те замолам да не бараш група во која ќе го спакуваш словото. Не барај, и словото не може да се вброи во оваа или онаа проза. Ќе биде, такво диво. Не се обидувај да најдеш споеви со реалността, тоа ќе биде моја и твоја реалност, наше патување. Јас ќе сликам, ти ќе читаш.
    Ќе се осмелам ли да те напишам. Бараш многу од мене, бараш дел од мене да го расплеткам и замрсам во двосмисленост. Многу бараш од мене, ми ја вртиш утробата, бараш да излезеш, а јас сакам да те заборавам. Лебдиш како црн облак над мене, подигаш бури, си бараш катарза. Ќе се излееш ли онаму каде треба? И ќе речеш, се знам јас себе си, ќе се излеам, а тој другиот дали ќе може да ме носи, не знам и не ми е важно веќе. Осети го мојот меч, ден за ден или одеднаш, одбери !
    Ако некогаш била карпа на безимена плажа што ли е денес?
    Некоја симбиоза на старото, прастарото и денешното.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.