Ја даваат на Телма во сабота, од сабајле мислам дека, не сум сигурна Инаку да, многу интересна серија Омилена ми беше Кармен, а пак кога ке ги внесеше некаде
Многу ја сакав серијата. И ден денес ако ја фатам си гледам. Најинтересни ми беа Мали и Дарко (поготово во епизодата со тортата за Кармен). А заљубена бев во Бени. Многу ми беше убав, поготово во последните епизоди. Се на се, многу убава серија беше. Доста поучна, за разлика од денешниве Бакугани и што ти ја знам. И не учеше да се сакаме сите, без разлика на верата
Супер серија, со неа пораснав. На времето (основно) го знаев Ице и Мали го гледав понекогаш.. Инаку наше маало беше и моето мало бидејќи тука живеам И често на снимања си поминував, и гледав кога се снима, гајтани имаше насекаде..
Пораснав со серијава. И пак да налетам на некоја епизода, би гледала, само да се присетам на тие безгрижни денови од детството.
Ја обожавав серијата, и сега кога ја даваат реприза ако се најдам пред тв ја гледам. Омилен ми беше Мали, срцка детенце, онака слатко, мило, сакав да го гушнам додака го слушав како зборува. Од пред две години живеам во маалото каде што е снимена серијата и секогаш коа ја гледам зградата си велам ,,Ех Кармен, Кармен ... ,,
Знам понекогаш да ја фатам на Телма и на Алфа ли беше, не ми текнува.. Ај ако знае некој кога се дава точно да ми каже да ја гледам. Кога бев помала ја гледав постојано и многу ми беше интересна. А инаку и јас го обожавам Бени, преубав ми е, ех сега кујзнае колкав е.. Ама сигурно има едно 21-22 години.. за жал. А Ице - Бојан Велевски го имам и на фејсбук, да видите како пораснал, маж веќе станал. Само некако кога бил помал, во серијата е многу поубав сега слабо некако.
Ја гледав серијата, ми беше супер интересна, ама скоро на ништо не се сеќавам (како да не сум од овој век ). Не можам да се сетам на ниту една конкретна случка, ниту на имињата на ликовите. Ми се допаѓаа песните и тоа.
На чичо маалото! Колку се радував кога снимаа една епизода кај него дома. Ле ле! Наше маало... Брее колку гледав. Бени ми беше љубов. Многу си го сакав, таков типче ми беше. Ме иритираше гласот на Кармен и се нервирав што не изгледа како зградата во која се снима тоа.
Aбре девојки, а знаете како се вика Бени, да го побарам на фејсбук? Гледам на сите тука ни бил симпатија, де бре што не бев јас малку поголема.
Не ми беше симпатија Дени мене Ице ми беше мислам дека така се викаше ај мене линк негов од Facebook ако може
^ Може, може.. Јас го имам Ице на фејсбук, и извини ако те разочарам ама има девојка. А и не е нешто убав сега, во серијата е сто пати поубав, барем за мене. http://www.facebook.com/home.php#!/prof ... 1081178318
Аоо, пу пу машала, сте пораснале. Ја има некаде онлајн серијава, сакам на сестра ми да и ја пуштам ??
Колку што знам јас нема... Иначе кој не би сакал да има... Луѓе стварно се заебаав дека глумам у Наше Маало... јако ќе беше да е така ама не е Едина врска со серијата ми е Ице пошо се знаеме и сме се дружеле на времето... Ова го пишувам бидејќи примив едно 10 пораки до сега поврзано со мојот пост дека играм у серијава... едно девојче ме напна пред некој период и морав ова да го напишам... знам дека нема везе со темава ама ова е едино место каде што дотичната особа ќе го прочита и ќе преќине да ме гњави... БлагодарИм за вниманието...
Многу ја сакав, затоа што тое е моето маало ги имам гледано сите епизоди како се снимаат скоро и дури и ташните ни ги позајмија еднаш за една епизода, најсреќна бев на светот Ми буди спомени кога бев дете Пролече-најубаво мало во цело Скопје
Какви спомени ми разбуди темава... Ептен ја сакав серијава, ни една епизода не пропуштав. А омилени ликови ми беа Бени и Ице.