Убава серија, онака за пуштање на мозокот на пасење у слободно време, имаше доста поучни моменти, но лично не ја обожавав многу многу. Не сакам да звучам како главен мрчатор ама лично мислење ми е дека најдобрите емисии за деца (македонски) беа до пред едно 10-15 години. Ствар укуса тоа ти е
НАШЕ МААЛО!! леле емисијава е многу интересна.. сеа ја има на скај нет и ја глеам секад хахаха најинтересно баш глеав вчера кога татко и на таа комшиката нова Марина е директор на школо мислам дека.. и само овој Мали мислеше дека е змеј хахаха и цело време им викаше на Бени и тој незнам како го викаат ѓубреџија мислам дека хахахах и само Мали на секои пет минути абе тој човек е змеј сум се згазила од смеење,, а порано коа бев мало имав мали симпатии кон Бени хаха а најсмешен ми е МАЛИ
Наше Маало! Ахх, не прошуштав ни една епизода. Многу ми беше интересна серијава. Покрај тоа.. снимана е во и во околината на моето школо. Сега секој ден поминувам покрај "Кармен" и се присеќам на серијава. Кога ќе ја фатам на СкајНет ја гледам.
Ееее Наше Маало. Се снимаше во она време кога бев 1во, 2ро одделение и тоа во близина на моето училиште кај што учев основно, па и земаа и деца за да учествуваат во една епизода, за малце и мене ќе ме имаше, да. Си ја гледав редовно, а и ако ја сретнам некогаш на Скај нет си ја гледам пак. Немам срам да го кажам тоа, има доста поучни работи, само кој да го гледа тоа. Поинтересно им е шоуто на Кардашијанс да го гледаат, или Парис Хилтон БФФ'с, ама тоа е. Други вредности, други принципи. А ретки се исклучоците, ретки. Ама постојат, шуќур.
Многу ја сакав серијава Едвај чекав да почне Иначе најмногу го сакав Мали,многу ми беше сипматично детенцето.
Го делам мислењето на Теси. Серијата не беше лоша, баш напротив, но не ја пратев редовно. Признавам дека не ги знаев ни имињата на повеќето главни ликови . Иако бев на тие години, не ми привлекуваше многу внимание. Ама затоа песничката од најавната шпица кога и да ја начекав, не ја одминував
Лелеееее серијава, мноооогу беше убава, бев малечка некаде 3-4 одделение (ако не се лажам),можеби и помала. Не пропуштав да ја гледам, со сестра ми пред ТВ и не дишеме (мама велеше дека тие минути додека траеше серијата-беше мир во куќата) Штета што денес не се прават вакви емисии за деца, инаку и ден денес кога ќе ја начекам на скај нет,обавезно ја гледам
Пораснав со серијава! Додека сите ја гледаа „Во светот на бајките’’ јас подзината седев пред телевизорот и зјапав во оваа. Поучна серија е! Песната и ден денес кога да ја слушнам си ја пеам од почеток до крај. Едно време ја даваа на Алфа и си ја гледав, се потсетив на добрите времиња.
Оооо вљубена бев во серијава. Сакам и мојата зграда да зборува и ние да си седиме во подрумот ама нашиот имаше болви и беше редовно ограбуван. Бени ми беше најголема љубов. Ако случајно некој знае некоја престава со него обавезно да ме извести, баш ме интересира како изгледа сега Во секој случај една од подобрите детски серии, далеку подобра од денешниве (неколкуте што ги има) http://www.youtube.com/watch?v=roizZxbBapI Мали беше со мене во генерација, ист ми е во фаца како на видеово
Многу ја сакав серијава...Мали ми беше омилен, а другите ги сакав подеднакво. Како мала татко ми ме однесе на местото каде што се снимало дејствието.Чувството неможам да го опишам, дури и барав да ме однесе во подрумот, но таа желба не ми ја исполни...Сега ја даваат на ЕДО мислам и на Телма во прилог на некоја саботна емисија со Петко...
И мене ми беше Бени љубов!! Толку многу ја сакав серијава и толку бев внесена во неа, што со другарка ми решивме да пишуваме нови сценарија за нови епизоди и да им ги испратиме!! Хахаха.а.....
лелееееее само кога ќе се потсетам на серијава ми текнува што се се случуваше во тоа време а сега слушнав дека тој што е Мали мислам дека го викаа во серијата сега матурирал стварно?
Еееј што се вика до лани израснав со Наше маало.Треба некој да се најде да осмисли пак вакво нешто. Децава се прославија алал нека им е
http://www.youtube.com/watch?v=roizZxbB ... _embedded#! ххахахах моментот 1:43 кога мали ја бутка есма за да почне да РАПУВА PRICELESS Инаку серијава ја обожав, ја гледав во еден здив, а често знаев да останам после часови бидејќи учев во училиштето веднаш до маалово, за да гледам како се снима серијата. На мајка ми косата и се креваше кога немаше на време да се вратам дома, а мобилни сеуште ние децата немавме (а не како сега од 1во со ајфон во рака) па често знаеше и да ме искара. Ама во секој случај вредеше! Наше маало RULES ! ps.и јас бев заљубена во Мали едит- сеа се сетив дека брат ми еднаш беше статист во една епизода хахах
Машала машала, децава навистина пораснале.. Пријатно изненадена.. Маженца се сега.. Нон стоп порано ја гледав серијава и многу ми се допаѓаше.. Колку пати и да ги имам гледано епизодите, никад не ми станувале досадни.. Само многу ми беше жал што Диме многу малку глумеше, мислам само на почетокот.. Најубав ми беше, баш ме интересира како изгледа сега и колку години има..
Па нели Жаре го глумел Диме ? Така велеа. Мене не ми личи многу. Мали и Ице исти ми се како што беа тогаш.