Овде ми изгледа дека се работи за проблем со самодовербата и чувство на пониска вредност. Не е невообичаено да се појави вакво нешто за време на пубертетот, но според мене, многу е важно да се даде значење на проблемот. Обавезно почесто разговори со неа, да стекне доверба во тебе, односно во двајцата родители. Да се разговара и со сопругот, да се објасни ситуацијата и колку е неопходно тој да го прилагоди однесувањето за со цел таа да стекне доверба во вас двата. Разговор со психолог ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Прво ако треба родителите, за да ве советува како да постапите најдобро, но според мене, и задолжително таа да разговара со психолог. Мора да се поработи на проблемов директно.
Да прво вие, ќе ја објасните ситуацијата и ќе ви дадат совети како да постапувате, после тоа може и она да се приклучи без вас. Битно да зборувате и во школо, не мора она се да знае туку да видите како другите се однесуваат со неа или она со нив, а класната да обрни повеќе внимание. Маж ти мора да прифати да не се меша т.е да не и кажува дека знае. Работете во вашиот однос, тие години се критични и секој збор/потег треба да се мери пред да се направи.
Не знам точно што и било тригер да направи нешто такво, дали и колку е сериозно и загрижувачки, ама на тие години и јас и дел од моето друштво бевме у некој емо филм и се горевеме на рацете со цигари, не дека нешто сериозно ни се дешавало него некој глуп детски трип. Од денешна перспектива знам дека било глупо, ама ете тогаш нешто јако ни било. Глупи деца. Се надевам дека и во вашиот случај е нешто такво бенигно, ама би зборела со детски психолог да добијам совет
Ви благодарам, му кажав на маж ми сега. Ми вети нема да каже ништо. Утре ќе оди да разговара со психолог да ни даде совет барем како да пристапуваме со неа.
Детето ти е хиперсензитивно мислам јас .Се повредува самата бидејќи не знае како да се соочи со светот.Бидејќи не се отвара лесно,бидете внимателни со неа .
Да. Од секогаш била таква. Ама во овие години уште потешко е. Си викам да, од годинава се преоптеретени со школо па екстра што оди секој ден поручек на часови и дигурна сум дека и паѓа тешко, ама па од друга страна подобро вака што се занимаваат него ли да дремат на телефоните.
За жал светот кај младинава/децава се сведе на нарушена самодоверба и чуство на пониска вредност и/или чуство на високо его. Едните се скрос повлечени до степен на самоповредување другите прават ршум секаде околу себе мислејќи дека тие се Гопод и нив никој ништо не им може. Во секој можен случај треба да се работи со свесност кај родители и контролирање на децата. Општеството ни замина во неповрат. Извинете можда оф топик ама морав да си го искажам мислењето. (Не е ова поврзано со случајот на коритсаки)
@koritsaki сега читам за случајот. Добро си постапила што си споделила на мажот. Секако за вакви случаи мора работа со психолог. Се надевам брзо ќе го решите проблемот.