1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите онлајн права, заштита на податоци, Global surveillance

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Vitaly, 7 август 2018.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Чим си стиснал I agree, ондак чао приватност ...

    Ја не се сликам гола, не седам гола на мобилен , иам стикер на камерата на компјутер, оговарам у црнине пораки на Фејс, али не оти ми е страв од Институциите, оти сум небитна, реално, него ли од обичните пациенти кои си хакнуваат профили на бившата на дечкото и слични...

    Фмп.
     
    На JaneMarple, Ketchup, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Ништо немам за да бидам загрижена.
    ИП адреса на сосема небитна личност не е интересна.
    Немам причина за грижа.
    Па и да ми разберат идентитет....и што?!....тоа славната личност,па ќе ми кажат име и презиме?!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не е во ред, затоа што е прекршување на правото на приватност, ама нема нам никој да не праша... очигледно... |(

    Најмногу што може човек да направи за да се заштити, е да постира што може помалку за себе... а уште подобро, да е на страна од интерентот... ама кој ќе издржи? :)
     
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Многумина од оние кои викаат „Не ми е гајле за онлајн правата и заштитата на податоците, ја немам што да кријам“, ја утињаат поентата. Тоа е исто како да претставици на Гугл на пример да имаат право да ви дојдат дома и да ви претураат по корпата за прљав веш, а вие на тоа да кажете, „Баш ми е гајле, ја гаќи менувам секој ден, немам што да кријам“. :D

    Поентата не е дали имате нешто да скриете, муабетот е дали е океј некој да ви прави претрес по дома и да ви ја нарушува приватноста. :)

    Интернетот и социјалните мрежи се релативно нова ствар и до неодамна не беа предмет на никакви државни регулативи, а компаниите кои работеа во оваа сфера, како Гугл, Фејсбук и сл. максимално ја искористија сивата зона и прибираа буквално секакви податоци за своите корисници.

    Делумно за ова сме си самите криви, затоа што 99% од луѓето ги прифаќаат условите за користење без воопшто и да го прочитаат user agreement-от. Но социјални мрежи користат и деца и тинејџери и пензионери и не е баш реално да се очекува дека сите ќе ги прочитаат, а уште помалку дека ќе ги разберат правата од кои се одрекуваат и условите кои ги прифаќаат кога го кликаат судбоносното „I agree“.

    Онлајн правата и заштитата на личните податоци дефинитивно се проблем, но би рекол дека ќе бидат уште поголем проблем во иднина - затоа што Интернетот за повеќето од нас е нешто што се појавило во одреден период од нашите животи - времето на оние кои се родени во интернет-добата допрва доаѓа и допрва ќе се соочат со проблемите кои произлегуваат од тоа да постои трага за целиот твој живот, од моментот на раѓање, во базата на податоци од некоја од големите коорпорации кои „владеат“ во оваа област.

    Мене лично ми смета и таргетираното рекламирање, ама за жал, се’ уште не постои опција да се откажеме од оваа прекрасна „услуга“, па затоа луѓето кои нејќат да им излегуваат сугестии за дилда откако еднаш пребарале „black destroyer“ мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат за да истото не им се повтори. :D
     
    На Srckata28, JaneMarple, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тоа е тоа што го зборувам.. Конечно некој да ја сфати поентата.. Јас бев вкочанет кога разјаснив зошто ми се појавуваа реклами за одреден производ кој нон стоп го зборев по дома.
    Со тоа може да разјасниме дека не се шпионираат само податоци кои ги внесуваме онлајн туку се шпионира и нашата камера и микрофон... Овој проблем никогаш нема да се реши.. Секогаш ќе има некој црнокапец со будно око кое ќе злоупотребува информации.. Бизарно е тоа што сме шпионирани од држава за која многумина имаат слика како за демократска и либерална а тоа што таа го прави е бетер од фашизам.
     
    На JaneMarple и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Генерално, Европската унија е доста понапредна од САД и останатите земји во поглед на заштитата на правата и податоците на луѓето на интернет, но целиот овој процес делува некако задоцнето, затоа што прибирањето на податоци трае со години наназад, а заштитата на податоците се актуелизира релативно неодамна и скоро секогаш се реагира пост фестум, наместо превентивно.

    Фејсбук постојано прави некакви апдејти за „зголемување на приватноста“ и вади нови опции за истото, но речиси секогаш дури откако ќе се појави во јавноста некој скандал за злоупотреба на личните податоци. А прилагодувањата кои е потребно да се направат за подбра заштита на личните податоци се случајно или намерно направени да бидат непотребно комплицирани и не баш лесни за снаоѓање за просечниот Фејсбук корисник.

    Од друга страна, не знам кој и колку приметил, ама многу често при инсталирање на нова апликација за телефон од Play Store на пример, таа бара пристап и до вашиот именик, и до камерата, и до микрофонот, и до GPS, и до уште еден куп работи, иако реално истата нема никаква потреба од овие ствари за своето функционирање.

    Имаше некои прогнози дека во иднина, не државите и светските сили, туку глобалните корпорации ќе владеат со светот - поради тоа што се сеприсутни, огромните финансии со кои располагаат и секако, поради тоа што имаат секакви податоци за буквално секој од нас. :party:
     
    Последна измена: 12 август 2018
    На Love Elixir, JaneMarple, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Vitaly навистина интересна, но и мошне реалистична тема вредна за дискутирање.

    Вистината е дека секој има право на приватност, меѓутоа најчесто луѓето не се ни свесни дека тоа на еден или на друг начин се прекршува, без разлика која е вистинската намера зад тоа.

    Факт е дека интернетот, електронската пошта па дури и социјалните мрежи се дел од секојдневниот живот на луѓето и не би можеле целосно да функционираат без нив.

    Но од друга страна, сметам дека главно поради политички цели, тоа се искористува и злоупотребува, што секако нема да резултира на позитивен начин за никого, особено во иднината.

    Навистина претставува штета технологијата да се користи, меѓу другото, и за такви нечовечки и безобѕирни цели.

    Инаку, како што имам познавање, во Канада е познато дека се врши surveillance на Wifi Hotspots од главните аеродроми (на пример Торонто), и тоа преку секојдневните патници...
     
    Последна измена: 12 август 2018
    На JaneMarple, Ketchup, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И Микедонија врши шпионажа врз своите граѓани, немојте да мислите дека сме заостанати во тоа поле.. Се сеќавате ли на бомбите? Тоа е тоа... Сноуден докажа дека се шпионира буквално се. Америка тоа го прави врз целиот свет, не само врз нејзините граѓани. Погоре кажав дека сум имал увид на архива со секакви податоци на милиони турски државјани, езиво е чувството.. А замисли како би било доколку твои податоци пронајдеш..
    Кликни на овој линк, оди надолу и види што знае Гугл за тебе...
    https://adssettings.google.com/authenticated
    Кликни на овој линк и Гугл ќе ги означи лакациите каде што си била.
    https://www.google.com/maps/timeline?pb

    Ова е само мал дел од она што Гугл го знае за нас. Ова е оној дел кој Гугл ни кажува дека го знае за нас а е доволен да не натера да подразмислиме за заштита на нашите податоци.
     
    На JaneMarple, Nigredo Odor и Briar Rose им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Витали, целосна анонимност е мошне комплексен и делумно тежок предизвик за еден просечен интернет корисник.
    Вистината е дека треба да си поприлично hc underground nerd, за да можеш да сурфаш во сивата зона, а притоа скоро никој да не те забележи. :D
    Tor не е репер за заштита на податоци или гаранција за безбедност. FreeNet можеби, или SoftEther (делумно) oд слабите proxy, се некој степен подобри алатки од Tor, ама не верувам дека на било кој од вас му e потребнa инсталација и генерално ваков тип знаења, освен ако не се занимава со нешто илегално..(Со исклучок на proxy кој е always welcome ствар).

    Во секој случај, Бендер кажа една многу добра реченица која јас постојатно ја користам како аргумент секојпат кога ќе се отвори темата, и некој рандом ќе се избаци дека нема потреба ,,да се крие" од лошите black hat батковци.
    Значи дечки, не е прашање дали имате компромитирачки материјали кои може да се злоупотребат во иднина, туку прашањето е зошто некој би чувствувал потреба да има пристап до истите.

    NWO постои и е реално доминантна карика денес (настрана булшитот дека е некаква интергалактичка федерација лол), и има потреба да врши надзор, а секој информатички трансфер им е полн погодок за остварување на целта. Дури и да не се злоупотреби се архивира и чува! Исто, не е тајна дека најголемите корпорации кои се основачи на социјалните мрежи се под постојан притисок да го надоградуваат системот за да можат службите за надзор да набљудуваат, а притоа обичната раја да остане во алузија дека е сигурна и безбедна.

    За тоа служи темата нели. Слободно сподели, не е на одмет.
     
    Последна измена: 12 август 2018
    На JaneMarple, Ketchup, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Подоцна го прочитав ова, пошто дури сега целосно ја исчитав темата.
    Вештините со кои хакерите пенетрираат во виртуелниот простор без разлика на нивната ориентација (black, grey, white or whatever), ќе бидат секогаш левел подолу во однос на практичните знаења со кои располагаат програмерите чија работа се заснова на конструкција, надоградување и зачувување на веќе постоечкиот информатички корпус. Оние кои вистински имаат решено да се занимаваат со програмерство не верувам дека долго ќе им се задржи фокусот на оваа проблематика.

    Nah, никој веќе нема таква слика за нашата држава. Сите одамна знаат дека не сме профани.
     
    Последна измена: 12 август 2018
    На JaneMarple му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ја би рекла дека хакерите се левел погоре. Исто како што крадци се левл погоре од полиција, исто како што децата се левл погоре во препишвање на школо :)

    И не зборајте со технички термини, не разбираме се'. Кажете како за деца, полека и просто.

    Колку за основни информации, сите треба да прочитаат за аферата со Кембриџ аналитика :)
     
    На Vitaly и Joi им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Со полицијата раководи државата која ја има апсолутната власт. Полицијата колку во одредени ситуации има слобода да биде заштитник толку има за да биде и bully. Слична е ситуацијата со виртуелниот простор, нема градација меѓу хакерите. И не, не се подобри од програмерите..
    Хакерството денес за разлика од пред 25 години е многу олеснато и едноставно, за разлика од порано. Зошто сега со новите програми секој втор може да крекира. Не негирам дека и програмерите можат да бидат хакери, но пак ќе кажам, ретко кога програмерите се заинтригирани од моќта на злоупотреба. Нивната цел е одржување на internet traffic-от, безбедност, не паѓање и уривање на виртуелно изградениот свет.
     
    На JaneMarple и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ништо не ми значи овај муабет. Повеќе ме интересира за заштита на податоци од оние кои 'легално' ни ги злоупотребуваат.
     
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Можат да ти кажат да користиш заштита (vpn/proxy), да платиш подобра антивирусна програма, но ништо од тоа не ти дава 100% сигурност дека и понатаму нема да бидеш мета на сајбер надзор. Реалноста е дека многу малку може да направиме за да се заштитиме, зошто за тоа да се случи треба да бидеш секогаш во чекор пред корпорацискиот сајбер криминал. Најдобар совет е интеракцијата преку социјални мрежи да ја сведеш на минимум или да не даваш премногу инфо за себе. Тоа ти се basic достапни ствари.
     
    На JaneMarple и WildMk им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Too late for that :D
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Аман па ти што си се упрпала до толку. Во инкриминиран лабос да не работиш како некои од тука, па вршиш тајна трансакција на кредитни картички измеѓу остало? :D :bandit:

    Мислам океј, го сфаќам стравот и нелагодноста ама да не претеруваме сега. Не може увек да се сурфа инкогнито. Како што кажав, комплетната анонимност е малку посложен поим и е тешка за реализација, иако не е невозможна. Кажав за SoftEther ете симни си, имаш преку милион сервери..Не траат долго али вршат работа ако сакаш пример да гледаш одредена емисија/шоу кое е забрането во твојата земја, или за заштита на форуми да не ти читаат IP, (мада не дека кој знае шо се дознава преку адреса)... за толку врши работа. Симни го ако не ти функционира ќе ти дадам друг.
    Следен чекор е она што спомнаа горе, енкрипција.

    Windows 7 користиш од ОS?
     
    Последна измена: 13 август 2018
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Смешно требаше да биди мори !!!
    Ми го пос*а вицот! :doh:

    Не се разбирам од такви работи.. препушатм на домашново животно да се занимава со такви проблеми :inlove:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    The name of the game is control.Како и секоја контрола која може делумно да се оправда со позитивни причини,се’ почесто сме сведоци на контрола поради негативни причини.

    Со оглед на фактот што најголем процент од светската онлајн популација не плива во криминални води,не гледам оправдана основа да се води архива за секој онлајн корисник и истиот да биде предмет на следење.Дури и ако постои забегана контрола поради финансиски мотив за утврдување на одредени преференции на потрошувачи,не е во ред ,затоа што вообичаената онлајн трансакција е купувач-кредитна картичка-банка на купувачот-банка на продавачот.

    Второ,иако државните институции на примерот на Facebook и Google бараат одредени промени во корисничките договори,да бидат пократки и недвосмислени сепак останува впечатокот дека овие компании само ќе платат одредени казни и реално нема да одговараат на некој посериозен начин.На примерот на Google за 2017,казната од ЕК е околу 2,7 милијарди долари што во апсолутен износ не е малце,но работата е што профитите на Google за 2015,2016 и 2017 сеоколу 15.8,19.5 и 12.7 милјарди долари годишно.

    Слична е ситуацијата и со Facebook.Business as usual.:D

    Мислам дека одговорот на државните институции за она што се случи со Facebook и Cambridge Analytica не може да биде само плати казна и продолжи со работа.Компании поради вакви злоупотреби реално банкротираат. Кембриџ Aналитикa е банкрот блуз.Oчигледно е дека Facebook и Google се too big to fail,and too big for jail.:DВо исто време се глобални онлајн платформи за комуникација и информации,со многу корисници,па е нереално да бидат третирани како локални продавници.Веројатно подобар модел на казни би бил парична казна плус времена забрана за вршење на дејност во период од 3-6 месеци.

    Во ситуација каде финансиската жртва е поголема,ризикот за губење на дел од корисниците е присутен, а притисокот од потенцијалната конкуренција и берзите значаен,ко воли нек изволи.:DТој модел ќе обезбеди овие компании навистина да покажат сериозен и одговорен однос во делот на заштита на податоците и правото на приватност.

    Сега како е,welcome to Googleland:D:


    Лично не користам енкрипција,ама не е само тоа проблем.

    Кевин Митник објаснува и демонстрира што се’ може да биде проблем.:D
     
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Само наивни луѓе нека веруваат дека се е теорија на заговор. Државните тајни служби, а особено тие светски моќните контролираат буквално се и знаат буквално се. Еден куп луѓе за кои никогаш нема ни на сон да помислите се шпиуни и доушници за полицијата. Зборувам за кај нас, а можете да претпоставите како работат светските тајни служби. Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Вајбер, Скајп се под директен мониторинг на државата. Не сте никаква опасност за системот, па затоа и не ви се замараат.
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Мене ми е смешно што реакција на неколкумина беше: "Јас не се сликам гола нема од што да се плашам". Како тоа да е најстрашното нешто. Како да самата помисла дека некој ви ја нарушува приватноста, макар што сте небитна особа, не е морничава.

    Интересно е што демек се знаат тиe шпионите што правиме на нет, а сепак што се не проаѓа низ социјални мрежи. Криминал мислам и такви работи.

    Одам да избегнувам да мислам на ова, се потресувам. :D
     
    На theowndemon, Nigredo Odor и WildMk им се допаѓа ова.