1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите ормани

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 17 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Имаме тема соба-орман која сите жени ја посакуваме нели. 8)
    Но како реално изгледаат вашите ормани?
    Имате еден голем, два ормани, три...
    На закачалки ви се вашите работи или ги диплите?
    Испеглани се или пред да излегувате се пеглате?
    Чевлите кај ви стојат во кутии, посебно шкафче во ходник, шкафче во соба, на рафтови...
    Уреден ви е орманот или како атомска бобма да е пуштена :o

    [​IMG]

    Ако имате желба може и да си го сликнете :)
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Не е премногу голем, не е ни премал, онака среден. Собата ја делам со брат ми, па немам некој голем избор, немам премногу простор и целата гардероба ми е на едно место.
    Орманот ми е поделен на три дела. Во првиот ми е летната облека моментално, здравје на есен ќе правам промени. Во вториот дел ми седат фустанчињата, ремени и некои други ситници како шалчиња, капчиња и сл. А во третиот дел ја чувам зимската облека и стварчињата кои ги носам по дома.

    Заборавив да кажам за долната облека, Lilit ме потсети. Имам две фиоки. Во едната чувам долна облека, а во другата чорапчиња, хулахопки, хеланки и сл.
     
    На Berguzar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Секогаш е среден под конец.
    Подолгите работи,ко фустани,сакоа,јакни и слични работи се на закачалки,групирани,а под нив ми стојат сите ташни,исто така групирани,мали,големи и потоа по боја.Останатата облека ми е здиплена и не ја пеглам после перење,туку како носам,така пеглам,но е здиплена и групирана по намена,а потоа по боја.Долна облека ми е во пластични кутии наредени уредно во фиока,тука подразбирам и чорапи и хулахопки. Чевлите ми се во ходник,поновите секогаш ги чувам во кутија,а останатите ми се наредени,по боја,а порано ги местев по вистина на штикла.
    У принцип сум Монк,па мора се да ми е средено со некој ред,инаку полудувам.Пред малце прередувам се и ми е рутина еднаш во две недели се да предиплам и прередам.
     
    На LittlePinky, Cacy, Buttterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Мене облеката ми е во хоризонтално шкафче на два реда. Ама, таму ми стојат алиштата кои што ми се за моменталната сезона. Алишта имам на горниот ред на шифоњерот на мајка ми и татко ми во спалната соба, а долу на закачалките во истиот имам неколку палтенца закачено за да не се збрчак и некои кошулки на брат ми, остало е на мајка ми и татко ми. Во спалната исто имаме едно шифоњерче кое се отвора одозгора и има редови и таму си редиме алиштата (таму ми се зимските алишта моментално).
    И во ходник што ни е една ветрина, со огледало имаме шкафчиња од страната па и таму ставаме алишта.

    И кога ќе видиш нема место за други парчиња, се’ е испозафатено. Е, така е кога немам детска соба со еден гоолем шифоњер. :|

    Ташните ми се на закачалката во ходникот како и некои јакни.

    Патем, алиштата многу ги расфрлам. :tmi: Ама затоа често си ги средувам, па не ми е како бомба.
    (И полошо од моето сум видела :!: :rofl: )
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Имам два ормани. Вака, облеката која ми е за излегување, фустанчиња, сукњи, палта ми се на закачалки. А облеката обична ми е здиплена. И испеглана, секако. Патиките и сандалките што ги носам многу често, за на училиште, или за обично шеткање, обично ми се надвор во ходникот. А штикли, балетанки, такви работи ми се во шкафче. Потоа, се трудам да не ми е како атомска бомба орманот со здиплена облека, но често се случува така, посебно ако барам некоја блузичка или фармерки кои не можам да ги најдам, па ги барам набрзина. Но потоа обавезно ги средувам. За шалчиња, капчиња, ремени имам посебно делче во шкафчето. Во шкафчето облеката ми е поделена на 3 дела, првиот дел летна, вториот есенска, па зимска :) долна облека, чорапи, хулахопки и слични работи ми се во фиока.
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас и мажот ми го делиме орманот,и керка ми исто така,голем е колку соба,има доста фиоки,во кои има и работи кои што не се носат многу,одамна се спремам да ги соберам за црвен крст,ама ете |(
    Hајгоре незнам како да наречам полица или што :wasntme: ,ми стојат чевлите и чантите,се качувам со стол и земам,понекогаш и прашина забришувам :D шала :)
    фустаните на закачалка сите,ме нервира и смета да видам некој убав фустан изгужван и истукан,сите пантолни,фармерки некои пообични блузи и маици ми се здиплени,фустаните обавезно ги пеглам пред да ги ставам на закачалка 8)

    Oд керка ми нема многу простор,сите фустанчина,палтенца и се на закачалка,дел од другата облека фиока

    Kај мажот ми само кошулите се на закачалка,друго се насекаде |(
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.596
    Пол:
    Женски
    Верувале или не алишта имам два големи ормани, еден во мојата соба, а еден во собата која не ја користиме и пак немам место за се.
    Орманот во мојата соба е од три дела. Во првиот чувам фустани, кошули на закачалки, а под нив имам блузи, маици, хеланки, панталони.
    Средниот дел ми е за чантите и некои алишта кои не го носам многу често. А третиот дел за сакоа, капути, јакни.
    Во соба имам и три фиоки, во едната ги чувам долната облека, гаќички, бодиња, хулахопки потенки. Во другата чувам градници, дебели хулахопки, а во третата ги чувам каишите, марамите, шаловите, капите.
    Во орманот во другата соба имам алишта кои прертко ги носам како џемпери, сомотни панталони, работи кои чекаат да се преправат. Потоа чевлите ми се сите наредени во делот кој има многу рафтови, а еден дел од орманот кој беше ко бифе го извадив и ги наредив сандалите.
    Кога ќе подразмислам имам и алишта и во орманот во ходник ама таму има и на мајка ми па тој не го рачунам. :rofl:
    Инаку алиштата ги прередувам на недела , две. ЕДнаш месечно речиси сите, значи и оние кои не се облечени ги преперувам зошто сакам убаво да ми мирисаат,а и ако го смениме омекнувачот сакам сите исто да мирисаат. Наредени ми се по боја, маичките како топови, ракави, долги ракави. Фармерките по боја и должина.
    Само оние кои ми се на закачалка ми се секогаш пеглани, а останатите ги пеглам кога ги носам. Не гледам смисла да ги пеглам, па да ги диплам и после да ги носам со рабови. Бидејќи знам дека пак ќе ги препеглам, оставам за тогаш кога ги носам.
     
    На Cacy, Buttterfly и Kitty.Smiley им се допаѓа ова.
  8. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Еден голем плакар, 2 помали. Кошули, сите на закачалка. Сакоа исто. Фустани, оние обичните памучни што може да се диплат, здиплени, тие што се за на закачалка, ги закачувам. Капути, мантили и јакни ми се на посебни закачалки надвор, не се во плакар. Во плакарот даље, фармерки и пантолони, сукњи, блузи, маички, кардигани. Во едниот помал ми е вешот, чорапи, хулахопки, спавачици и пижами, во другиот каиши, ташни, шалови, капи и ракавици.

    Чевли на скрос шеснаесто место, исто во плакар, во кутии сите, ако кондура не ми е во кутија нервен слом доживувам.

    Пеглам најчесто пред излегување, но и кога имам слободно време. Пеглани или не, здиплени ми стојат секако.
     
    На Kitty.Smiley му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitty.Smiley

    Kitty.Smiley Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Мојот орман е среден ама малку оди на кај поголемо,во посебен шкав имам 23 пара обувки ( другите се в корпа, искинати ми се) од кои 9 ми се штикли,3 пара патики,5 пара балетанки и останатите 3 ниски чизми и 3 високи, имам 11 кошули, 9 полувери, 29 обични маици, 4 пара куси пантолони, 17 „цевка„ пантолони оние што долу се тесни, 3 пара од нив се широки долу, 3 капути, 6 џакети, 2 болера, 21 ташни, 10 ми се за во рака во сите бои и останатите 4 ми се поштарски и 7 обични. Имам 12 фустани 3 ми се како за на плажа и останатите како за излегување. 8 каиши имам ги имам сите бои освен портокалова и жолта. А посебно во фиоки ми е долната облека. :D :angel:
     
    На eloves и marama им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Блазе си ви девојки, ви се восхитувам на суредените плакари.
    Мојот не е. :(

    Никогаш и не бил.
    Да појаснам, моите лоши навики во поглед на алиштата ги откривме уште во забавиште, само за да дојдам дома еден ден и да видам дека освен пар фармерки, едно џемперче и 2-3 пара гаќи другото е се' мистериозно отстрането од мојата облека. :(
    Тогаш мајка ми ми одржа лекција, ги скри алиштата на цели 5 денови, скиснав во овие две стварчиња, со цел да ме научи лекција и да ми го дотера умот за средување на плакарот. :!:
    Јас рикав и урлав, после ветив дека ќе бидам уредно глувче и преку ноќ се појавија пак на старото место.
    Радоста траеше кратко.

    Ден-денес плакарот е жив хаос.
    Од пред 10-тина месеци имам и нов трокрилен плакар, со закачалки куп, многу полици, фиоки, имам и посебен дел од голем плакар за моите чевли и се' е гз преку глава.

    Еден ден ќе ги здиплам и наредам под конец - наредниот барајќи нешто во морето од црно (90% од облеката е црно па се невиди) ќе растурам се', и така купишта само ги внесувам, а вратничките одвај ги затворам.

    На наредно отварање - планина од алишта паѓа на подот, пребирам што да носам, остатокот го враќам на истиот начин и затварам.

    :(

    Немам живци за диплење и местење, кога знам дека ПАК ќе го растурам.
    Кажувајте чаре...
     
    На LittlePinky, QueenElena, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Прво, вратата од орманот ми е на лизгање и на самата врата има големо огледало.
    Е сега ела објасни го внатре..
    Значи, внатре ми е на два дела горен дел полици, каде ставам здиплена облека - здиплени маички, шорцеви, фармерки не, за фармерките подоцна.. а на долниот дел најдолу имам фиоки каде чувам долна облека, лево од фиоките празен простор каде ги чувам штиклите.
    На долниот дел само веднаш под горните полици има една.. како да кажам, шипка(?) за закачалки и тука ми се наредени фустанчињата и кошулите..овој дел зафаќа најјголем простор затоа што и најголем дел од облеката ми се фустанчиња,кошули,подолги џемпери,туники. Е сеа фармерките никогаш не ми се во плакар, секогаш ми се на столица, на кревет или на една друга закачалка што ја имам во соба.. Некогаш кога купувам нови, па ги ставам во плакар, префрлени преку шипката(?).

    Не ми е секогаш среден,затоа што ме мрзи да диплам, но кога имам повеќе слободно време го средувам добро и држи така извесно време, додека нели, имам мотивација да го чувам таков..
    Ама најчесто е во хаотична состојба..
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Мојот ормар е со некоја средна големина и во него ми е наредена облеката која се носи за моменталната сезона! Кога се менува сезоната ја менувам и облаката, па тоа значи дека имам уште еден орман каде ја чувам облеката која не ја носам!
    Воглавном ми е среден скоро секогаш, но може да се виде понекогаш и во полошо издание а тоа е ептен ретко! Ако немам време да ја здиплам и да ја ставам на закачалка облеката која треба да се намести јас не се ни обидувам да правам нешто приближно слично,како на пример безвезе да ја фрлам во орманот колку само да не се гледе! Ако немам време или ме мрзи за диплење облека тогаш ја оставам расфрлена низ креветото или по столовите :tmi: и ја местам дури кога ќе се расположам за диплење (а тоа би било вечерта кога ќе се приберам од шеткање оти тогаш најчесто си ја подсредувам собата :$ )! Затоа почесто орманот ми е во добра сотојба и ми е доста уреден!

    Скоро 90% од облеката ми е на закачалка и тоа се сортирани по големина (од подолги до најмали)! Под нив во просторот кој останува слободен ми се наредени фармеките, некои маици, тренерки и сл!
    Имам посебни фиоки за долна облека (првата за градници кои ги има доста), втората фиока за гаќи која ми е секогаш несредена :$ и третата фиока ми е за чорапчиња!
    Исто така има посебен шкаф во кој ми стојат ташните, ремените, марами и сл. и уште една фиока во која ми стојат пижамите!
    Во врска со пеглањето можам да кажам дека не љубам да го правам па го препиштам на мајка ми, но се случува и да препеглам нешто пред да облечам!
    Чевлите пак не ги чувам во мојата соба туку во ходникот си имам соодветно место во кое ми стојат оние кои почесто ги носам, додека пак некои посвечени чевли кои ретко ги носам си ги чувам во кутии!
    Тоа е отпрлика се поврзано со мојот орман!
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Секогаш е среден.
    Во еден плакар ми се пантолоните, блузичките и марамите. Фустанчињата и кошулите ми се на закачалка. Не сакам неред. Нема потреба - 10 минути работа е диплењето. :)
     
  14. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Мојот плакар е ништо посебно! Понекогаш незнам што да облечам па бидне како атомската бомба да паднала
    имам еден среден мрмар и 3 мали!
    :inlove: :rofl: :rofl: Си ги сакам
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Имам орман каде ги чувам јакните, капутите, сакоата, пантолоните, туниките, сукњите и фустаните и сето ова е на закачалка. Уреден е, меѓутоа не внимавам тука многу на распоредот се случува да ми се измеша облеката во поглед на сезони и големини, посебно кога нешто земам на брзина или барам ги изместувам често закачалките бидејќи кај сукњите или пантолоните и по неколку ми се на иста закачалка.

    Во друг орман стојат работите на диплење. Имам тука едноставен принцип на групирање - прва група ми е облека за вечерно излегување, втора ми е летна и пролетна облека и трета есенска и зимска облека. Тука ако мајка ми или баба ми ми ставаат облека знаат да ми пореметат ред, ама не е страшно бидејќи често си прередувам и немам проблем пак да прегрупирам се‘ одново.

    Долниот веш ми е во фиока одделно се градниците од гаќите, чорапчињата и хулахопките се во посебна фиока, имам посебна фиока за каиши тука ми се и марамите. Признаван дека кај чорапчињата и хулахопките ми владее скоро константен неред другите фиоки ми се посредени.

    Ташните ми се над орманот наредени.

    Чевлите ми се дел во соба, дел во ходник. Имам сталажа во соба на која во кутии ми стојат поубавите чевли и чизми, а во ходник имам мое делче во плакарот во кое стојат оние кои не се од таа сезона во најлонски кеси. Тие што најчесто ги носам се на еден сталак кој е надвор и на кој има само неколку пара другото е прибрано по другиве места.

    Настојувам да ми е средено во граници на некоја нормала, ама и да владее делумен неред повремено пак си имам јас мирен сон :lol: гледам да не се припотресувам претерано. И тука ми е фотелјата на која мора да има по некое парче облека онака да се најде при рака :lol: .

    И на крај ми остана најнеомилениот дел - пеглањето. Облеката ми е здиплена најчесто пеглана ако ја испеглала мајка ми, инаку јас пеглам по потреба. Побргу би да рибам цел ден фуги на плочки во купатило отколку да пеглам, ова ми е најомразена од домаќинските активности, ама кога навистина мора ја обавувам така да често преперувам облека од чиста мира, но никогаш не добивам желба да пеглам од чиста мира. ТоВа је тоВа.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Среден, најчесто :) Два дела, еден за мене, еден за бато. Во шкафчињата уредно ми се здиплени блузи, , до нив фармерки, па џемпери, па сукњи и се менуваат секоја сезона, летни-зимски, отстранувам и носам кај мама тоа што не е соодветно за сезоната. Подредени најчесто по боја, темно, светло, посветло, и тоа си го смета за маана, ми здосадува да ги редам со саати :D Кај бато е поколоритно :D На закачалки, палтата, долго, средно, кратки, па мои кошули, па од брат ми кошули, па мои фустани, на крај марами и по некоја тренерка што во моментот немала каде да се скрие :lol: Чантите и ремените ги чувам обесени одстрана на закачалка, така ми се прегледни. Долна облека, во купатило се чува, во фиоки. Е сега, се случува и со денови да си стои нешто преку стол, зрадаи немање време, како на пример деновиве, ама најчесто се трудам да е средено, а ако ме мрзи има кој да ме потсети, на брат ми омилена реченица му е „нареди ги алиштана“ :rofl:
    За пеглање, кошулите се редовно пеглани, другото кога како :)
    И да си кажам, сакам вграден плакар, ама не ми даваат моиве, доста ми било тука редење, ко ќе се мажам ќе ми дадат поклон :D
     
  17. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Имам 3 ормани, но користам само еден бидејќи тој има најмногу полици. Најчесто ги диплам алиштата и ги ставам на полица. Го делам со сестра ми бидејќи имаме многу заедничка облека(отприлика се си делиме, зошто се и на двете ни е точно). Оние работи што ни се за на закачалка, ги чуваме во друг регал за да не биде се пренатрупано. Во првиов регал на закачалки чуваме марами, каиши и некои фустанчиња за да не се гужваат со другите закачени.
    Пред да ги наредам во регал, мама ги пегла, но никогаш не сум извадила облека од регал пеглана, секогаш ја препеглувам. :lol: Пред некое време правев целосна генералка, исфрлив бааги работи. Пола регал ми е на стол до кревет, со носена облека( за да не ја враќам во регал и да не ја мешам со чистата). Моите секогаш ми викаат за тоа, ама што да се прави. :lol:

    Чантите, ранците и сл. ги чувам во посебна полица во друг регал.
    Чевлите ми се во посебен орман што се наоѓа пред врата. Таму ми стојат и јакните.
    Толку. :)
     
  18. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Имам еден орман,
    Налик нешто слично на ова
    [​IMG]
    На закачалки висат некои палта, кошули и јакни, останатото се ми е на полици. Делот со облеката (што моментално ја носам) ми е распореден на две големи полици и ретко кога се е средено, и здиплено а за пеглано и редено по боја, материјал, и сл. па не правиме муабет :D :angel: Пред излегување ги превртувам цели полици да најдам нешто забутано што ми треба во тој момент, и после све така во купче го враќам назад, па пак од ново местам се (а понекогаш и не :D ). Во горниот дел ми стојат работи што не ми требаат моментално (како сега, некои џемпери, јакни итн). На некоја од полиците ми стои долната облека во пластични кутии, исто и чорапите и хулахопките, а пижамите ми стојат до нив. Во друго помало шкафче ми стојат шалчиња, капи, марами и ташни. Чевлите најчесто ми се во ходник, но некои ги чувам во кутии во соба :) Се на се, ако го отвориш не изгледа баш уредно :D
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Можам да се пофалам дека имам голем ормар, комбиниран со фиоки и закачалки и скроз среден.
    Сите алишта ми се класифицирани, дали се зимски, летни, свечени, плетени блузи итн... се` ми е сортирано, со голем мерак си го одржувам и никогаш немам мака да најдам нешто кога барам. :)

    Без навреда, ама многу ми е неугледно кога видам женски ормар во кој како да паднала бомба. Ормарот е огледало за педантноста на самата жена. И не знам како некоја сака да се фрцни, дотера, а алиштата и` се изџвакани в ормар. :?:
     
  20. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Мојот ормар или поточно соба за облека е како сто би рекла една моја другарка гардероба за пред сценски настап ама буквално така.Таа соба е наменета само за чевли и облека,имам еден ормар на едната страна од собата со три вратички и во него ми се здиплени и тоа уредно оти тоа е несто сто ме прави најсрекна,на сред соба имам една гооолема сталаза со закачалки и на неа ми се подредени оние свечените и некои по така нормални парчиња,обувките ми се наредени на другата страна од собата на рафтови и има усте еден ормар за зимската облека палта такви работи.
    Мислам дека не постои таква девојка/зена која не е срекна ако има добра облека и уредно место во домот т.е нејзината империја,јас на пример имам периоди кога не сум добро нормално кај секој,кога не ми е се подмачкано и верувајте еден час поминат во средување на облеката ми е доволен за да заборавам на стресот...
    сега еден офф пред некое време ни се запали оџакот абе пламен гори а јас таква целата збунета гледам од надвор брее се собраа сите и таква мртва озбилна абе викајте против позарна ееј ке ми изгори облеката :fubar: а татко ми па се крсти човекот мори куќата ќе ни изгори будало :?: :D
    ајт поздрав