1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите ормани

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 17 септември 2011.

  1. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ништо посебно не се преоптоварувам со орманот...
    Најчесто е ко бомба да паднала.

    Има три прегради и многу ми се.
    Во првата има закачено кошули, џемпери и јакни.
    Во втората јакни, каиши и марами а под нив фиоки за долна облека и пракса.
    Во третата се и сешто на првите 3 полици, а на третите 2 пара патики, медицинарски кломпи и штикли кои никогаш не сум ги облекла... и тоа е најнеуредниот дел, бидејќи не сум педантерија.


    За греота сум, кај немам многу алишта, па и ги третрирам ко л*јно...
     
  2. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    За мојот пормар што да ви кажувам ретко се случува кога е се под конец...
    бидеќи мојата соба ја дела со брат ми и тука немам многу место за моите алишта..Во мојата соба имам еден мал ормар со две полици каде ги чувам алиштата за низ дома а исто така тука имама и еден плахар во кој ми стојат блузичките за излегување..а во ходниког имам исто така едно ко Шифуњерче и таму ја ставам облеката што не ја носам таа сезона а пак во спалната на моите родители ги ставам на закачалка фустанчината и таквите работи за излегување сукни панталоми кошулии такви ми ти работи...а исто така во спалната соба имам и едно 4-5 поличи каде што ми се фармерките..и блузичките за до школо и така за до овде онде...а за обувките имам посебна полица во чебларникот во ходникот и тука ми стојат чизмичките штиклите балетанките а сандалчината и патиките ми се надвор во ходникот тие ги носам постојано :D
     
  3. femina989

    femina989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    14
    Мојот орман се дели на повеќе дела....во еден повисок дел ги чувам сите подолги работи на закачалки, како фустани, сакоа, палта и сл. Под него во еден помал дел ми стојат сите чевли кои ги чувам во кутии, а оние кои што најчесто ги носам ми се во салон.... До овој дел има уште еден дел, каде ми стојат сите фармерки и блузи, кратки пантолончиња, суќни, тренерки и се останато, а сите тие се диплени и никогаш не пеглам после перење, туку пред носење, тоа што ми е потребно го пеглам. До овој дел во една фиока ми стои долниот веш, а во друга чорапи, хулахопки...иначе се трудам да го одржувам орманот среден, но се случува некогаш да изгледа и како бомба да има паднато :D
     
  4. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Кратко и јасно! Мојот одмар е лудница!
    Па дај веќе да го средам! :x
     
  5. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Имам три ормани, со оглед на тоа што сите елементи во детската ми се споени.

    Два поголеми, еден помал.

    Првиот поголем орман е поделен на три дела, односно има три полици. Внатре ми стои сезонската облека, на првата полица маичките со кратки ракави и 3/4, на втората маичките со прерамки и топчињата, а на третата полица ми стојат фармерките.

    Потоа следува помалиот орман, во него ми стои зимската гардероба, претежно маичките.

    И на крај, во вториот поголем орман имам исто така две полици (едната пропратно има и фиоки), плус шипка на која што стојат закачалките. На закачалките имам фустанчиња, јакни, дури две кошули :D и џемперчиња. Над тоа, на полицата, ги чувам штиклите и ташните, во едната фиока се сместени долната облека и чорапите, а во втората пешкирите и бањарката. 8)

    Морам да се пофалам дека скоро секогаш ми е среден, внатре се стои испеглано и испрано, не љубам многу, многу хаос во орманот.

    П.С. се рачуна и оној каде што ми стои постелнината? :rofl:
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Мојот орман е една голема мистерија, при секое прередување наоѓам по некое парче што не сум го видела подолго време и му се радувам како да е ново. :lol:
    Се состои од една централа и две филијали.Централата е кај мене дома, а филијалите, една кај мајка ми и една кај свекрва ми.
    Многу трошам на гардероба и имам премногу, така што на некои работи уште етикетите не им се извадени.
    Ја сортирам сезонски, иако има некои парчиња кои можат да се носат all four seasons. Во глобала орманот ми е среден, се што ми е вишок, вакумирам во кеси за вакумирање и ги редам на највисоките полици.Потоа следи делот на закачалки, таму стојат сите фустанчиња,сакоа,панталони, сукњи и туники, со еден збор се она што и здиплено може да се изгужва, а под нив имам полици со наредени маички,блузички и сл. подредени според намената, едни спортски, други за излегување, трети за на работа. Веднаш до нив ми стои спортската опрема, бидејќи кога ќе дојдам дома, веднаш се пресоблекувам да ми биде комотно.
    Во вториот дел од плакарот, ми стои полица со ташни,а под неа, пижами, спаваќици и мајци за спиење.
    Во една фиока имам обичен памучен долен веш, градници и гаќи, во другата имам така малку посекси долен веш, кој не го носам често, во третата боди и долни маици и во последната хулахопки и чорапи.
    Имам посебна фиокара во купатилото каде ми стои бижутеријата, каишите, марамите....
    А чевлитев стојат дел во ходникот,оние кои моментално ги носам,а останатите во едно шкафче на тераса.
    Кај мајка ми и свекрва ми имам гардероба која може некогаш пак ќе ја носам, па ги однесов кај нив да не ми прават гужва по дома.
    А околу пеглањето сум за никаде.Пеглам од што морам.И тоа најчесто гардеробата на сопругот и на ќерката,а моето го пеглам по потреба.
     
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Имам еден орман, закачалка на вратата и фиока под креветот.
    На закачалката ми стојат фармерките и пантолоните.
    Во орманот имам една полица најгоре на неа ми се блузите и маичките. Моментално летните ми се наредени а зимските ми стојат во фиоката под кревет. Исто имам и едно 20 закачалки во орманот. Тука ми стојат кошулите, фустанчињата, јакни и дуксерки.
    Имам и една наткасна со три фиоки. Во првата и втората е лоциран долниот веш,а во третата каиши и акцесоари.
    Во фиоката под кревет нема што нема. Се што поретко се носи, се што никогаш не го носам, и алиштата што се вон сезона. Хаос невиден преовалдува. Ташните стојат во спална кај мајка ми оти кај мене нема место за нив а обувките во сандачето за чевли. Огромно е и се ни собира.

    Е сега за уредноста. Се трудам секогаш да ми биде средено. Но имам една лоша навика. После секое пресоблекување алиштата што сум ги носела ги оставам на столица. И дури не видам дека крцка и дека кај да е ќе се скрши не ми текнува да ги суредам. :)
     
  8. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    мојот е секогаш среден .. :D :D утре ке го опишам поубаво :lol:
     
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Мојов некогаш е среден, некогаш не.
    Кога ќе го средам ми трае еден месец одприлика..
    Ама ќе дојде таков ден кога ужасно се брзам за некаде и ќе го направам лом.
    После тоа ќе ме мрзи да го средам, и се повеќе и повеќе состојбата ќе станува критична, за да дојде до тој степен што веќе ништо нема да можам да си најдам и ќе ми се гужваат алиштата, па ќе бидам приморана целосно да го средам :lol:
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Имам своја соба со еден класичен плакар и неколку помали, но сепак не е доволно :lol:
    Мене се ми е на закачалки испеглано секогаш.
    Здиплен ми е вешот во фиоки, пижамите, дел од подебелите џемпери кои не ни треба да стојат на закачалка и одредени блузи 10-15 кои се летни на прерамки и преретко ги носам.
    Во плакарот сега ми е најчесто летна и дел од есенската облека. Прво ми стојат сукњи, па шорцеви, па панталони, па блузи на прерамки, па блузи по кратки, па 3/4 блузи, па блузи по долги, па неколку потенки џемперчиња и на крај 2-3 сакоа што ги имам. Така си ги сортирам :) Имам и 2 даски на едната ми се каишите, плик ташните, очилата за сонце, ракивици, капчиња, а доле ми се ташните.
    Сите фустани се во плакар кај моите во спална, а во друг плакар се здиплени дел од зимските работи и онаа облека исклучиво за одмор.
    Капутите и јакните ми стојат во посебен плакар во ходник.
    Чевлите летни и балетанки ми стојат во еден плакар во ходник, патиките во друг плакар, чизмите во трет, а мал дел се и во кутии, немам кај да ги ставам ...
    Решението си го барам во голем огромен плакар кој го посакувам, еден ден :)
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Во спална имаме огромен вграден плакар кој го делиме со сопругот.
    Едната страна е со закачалки, во горниот дел (кој се спушта надолу) се наредени моите фустани, здолништа и кошули, кошулите на сопругот, а во долниот дел палта, капути, сакоа, мантили и јакни.
    Десната страна е со полици 2 на сопругот, 2 мои, едната со зимна облека, другата со летна која не се гужва. Долниот дел е со фиоки исто така по 2 на двајцата, едната за долна облека, другата за пижами, тренерки за по дома....
    Во ходникот имаме помал ормар кадешто во гониот дел ни стојат дел од капутите, палтата кои не ги собира во големиот плакар. Во долниот дел имаме две помали ормарчиња едното мое, едното на сопругот за чевли, патики.
    До овој ормар имаме помало ормарче со четири фиоки во кои е наредена облеката на синчето.
    Засега овој простор ни е доволен, ама постојано го дополнуваме, па почнавме да се собираме и во space bag ќеси за да направиме простор за нова ствари, ама кај и да е за некоја година ќе ни треба уште еден ваков огромен вграден плакар.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Повеќе облека имам на фотелјата одколку во орманот :tmi: може да замислите каква ми е собата за викенд, како доаѓам така се соблакам, штикли под кревет, прслуци висат кај стигнат, панталоните кај паднале таму останеле.... хаос сум, бетер од машко :$ :tmi:
    Но како и секое девојче и мене ми е мерак да си го местам плакарот. Имам два во соба, еден дел со закачалки и со полици, и друг со шибер врата каде ја складирам зимската гардероба.
    На закачалки ми стојат фустанчињата и кошулите, друго се е по рафтови. Не е по боја туку по големина и категорија, што за навечер, што за преку ден :)
    На еден рафт маички, на друг панталони долги, на друг кратки, на трет сукњички тин...
    Чевли и јакни не чувам во соба, ми стојат во ходник, убаво складирани, се е во кутии, а јакните и капутите во лето ми се во оние кесине од топ шоп :lol:
    Едит: Долната облека ја складирам во 4 фиоки. Во една ми стои секси долна облека, танги, чипки, подвезици итн.. во друга класичната памучна гаќа и по некоја домаќинска се наоѓа :D во посебна фиока ми стојат прслуците, не ги собира заедно со гаќите, и холахопки бодиња и такви работи во посебна фиока исто така :P
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас немам орман, јас имам просторија за облека ко онаа скромната на Carrie Bradshaw - знаете де, просторијче со регали посебни за чевли, облека, посебни 3 дела со закачалки итн итн. Еј многу ми е
    е*ачка
    гардеробата :D Рацете нека и се позлатат на газдарицата што смислила да ја подели спалната на два дела и у помалиов да си направи ваков простор. Јас воскликнав кога го видов тоа и веднаш реков - станов го земам! Хам! Жена бе :D

    Значи просторијава ми е фетиш и се ми е здиплено према временски период (зимска или летна облека) и по бои. Озбилно :wasntme: Уште од почеток така си ги наредив работите и до ден денес се трудам така да си ги диплам. Од лево и десно чувам разноразни маици, џемпери, блузончиња. Посебен голем дел имам резервирано за фармерките. Посебен дел за фустани и сукњи, посебен за кошули, панталони и блузи - за на работа, и посебен за капути и јакни. Пред мене кога ќе влезам во просторијава ми се сите кондури на полици и тој ми е омилениот, си се осеќам ко Кери кога ќе влезам, само што место Маноло имам чевли од Зара на попуст или од Ил Камино :D
    Многу си ја сакам просторијава затоа што ми собира се што не знам кај да го стрпам, од чанти до куфери, па и спортска опрема, рекети и слично.
    Долната облека и пиџамите, како и чорапите и хулахопките си ги чувам во огромни фиоки и тоа се во фиоките ми е сместено во посебни плетени кошници за да не ми се направи хаос по фиоките, во спална. Исто како и Мимс, посебна кошница имам за секси долниот веш а посебна за памучни домаќински гаќи.

    Во глобала сакам прегледност, за да знам што да облечам особено кога се брзам негде :)
    Штета што во последно време на даската за пеглање сеуште ме чекаат еден куп алишта :lol: Знам да си направам хаос во станот кој за еден ден знам беспрекорно да си го средам.
     
    На Artemission, LilBaby и rossonerka им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Во мојата соба имам еден голем плакар во форма на буквата Г (јас го нацртав и ми го правеа по нарачка)
    Двокрилен шифоњер кој е висок 2 метра, над него има плакче со преграда до самиот плафон. Горе има шипка за закачалки и на неа се наредени сите мои кошули, блузи, сукњи и панталони (кои мора да се на закачалка зашто здиплени се гужваат), чат-пат се наоѓа и по некоја маица на маж ми. Неговите кошули се во шифоњерот во детска каде што се и моите посвечени фустани и фустанчињата на ќерка ми. Под редот со закачалки има преграда и тука редам дел од постелнината.

    До шифоњерот имам еднокрилен плакар поделен на полици, тука се здиплани пижами, спаваќи, џемперчиња и блузички кои не мора да се на закачалки, фармерки, панталончиња кратки или долги зависи од летно-зимски период. Диплени се по дебелина, најдебелите се најдоле.
    Делот од плакарот (остатокот од буквата Г) се двокрилни плакарчиња преградени со по една полица, овие плакарчиња ми служат за ротирање на гардеробарта според сезоната. Дел од нив се и за гардеробата на маж ми. Неговите сите се горе, па повисок е од мене, полесно може да си земе отколку јас :lol: .
    Имам 4 фиоки, како дел од плакарот-3 се мои (долна облека, чорапи и каиши сите во посебна фиока), а 1 на маж ми за долна облека.

    Во детска имам плакар во форма на буква П. Тој ми служи за се` и сешто, од гардеробата на ќерка ми па се до јакни и постелнина.

    Во ходник имаме заеднички (со старите) плакар за чевли. Со оглед на тоа дека е прилично мал, дел од моите чевли, спакувани во кутии, се во плакарот во детска. Морав тука да ги ставам зашто ми е жал да ги чувам во гаража.

    Како и да е секогаш ми фали простор, па сега сум во план откако и АКО го реновираме ходникот да направам еден со лизгачки врати така троа поголем :lol: . Здравје :)

    Што се однесува до пеглањето, мразам да пеглам и затоа пеглам само во недела и тоа на етапи (нели цел ден има ефтина струја). Се` што ќе исперам одма пеглам, не сакам наутро да пеглам и по потреба, затоа што немам време и не сакам да бидам во трчање. Вака се` испеглано, па секој облекува што сака, без нервози и дополнително губење време. :!:
     
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    не дека е мал онака класичен да речам е ... би сакала да имам поголем затоа што овој веке неќе да собира :D 3 полици има и една за закачување :)
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    250.879
    Пол:
    Женски
    Мојот орман се состои од ормани и кревети за складирање :lol: Сериозно, во спална имам еден мал еднокилен орман во кој стојат најчесто оделата на маж ми и подолгите капути а до него пониска наткасна во која ни стои постелнината и пешкирите. Пред извесно време во спална се всели и едно од оние пластичните фиокарчиња на не мое големо воодушевување ама врши работа за долна облека, чорапчиња и каиши.
    Во сеуште празната детска соба имам сушара за алишта :rofl:, даска за пеглање и поголем троклирен орман кој има 2 дела со шипка и еден со полици. Во него стои сезонска облека, кошули и панталони на закачалка +- некои маички кои не ги бива здиплени, а на полиците фармерки маички итн. Се што не е од актуелната сезона е спакувано во пластични вреќи и складирано во гарнитуата во дневна, многу бев среќна кога го откив сандакот што го крие креветов и табуретките :clap: Ќебиња, јоргани, монтки...џемпери се! Е сега малку бара време да се извадат ама со оглед на тоа дека долго време се спастрени и не ми се маткаат пред очи, вреди трудот!
    Чанти чувам кај ќе стигнам...им немам најдено сеуште трајно живеалиште :tmi: Најчесто се маткаат оние 2-3 кои постојано ги носам низ празната соба од маса на стол, а оние кои поретко одат на шетање стојат во една голема катонска кутија од некој новогодишен подарок :D
    Сезнонските чевли стојат во ходник(најчесто во кутиите), на една отвоена сталажа за чевли...не сум баш воодушевена ама сега тоа е. Требаше да биде привремено решение ама еве веќе 2 год си врши работа. А чизми, чевли и се останато е спакувано во кутии и уредно скриено во голема кутија пред влезната врата. Сеуште на никој не му текнало да ми ги украде :lol: :emo:
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Моите работи речиси сите се сместени во мојата соба. Имам голем плакар, во едниот дел на закачалки се обесени јакните, палтата, фустаните оние кои ги носам за на свадба,за излегување бидејќи не сакам да се гужваат.
    Потоа во другиоит дел имам само зимски и есенски алишта, здиплени се, а во другиот дел ја чувам летната гардероба. Во ходникот во плакарот чувам дел од чевлите, некои ги чувам и во кутии во плакарот кај мене в соба. Плакарот има 3 фиоки, во првата чувам разни ситници каиши, марами, ленти за коса и сл. Во втората фиока се долниот веш, градници гаќички... и во третата фиока чорапи, хулахопки, хеланки...
    Се трудам да биде средено колку што можам, некогаш кога немам време, кога се брзам ќе растурам се додека најдам нешто па се така ќе нафрлам и после знам што ме чека :tmi:
    Алиштата ги пеглам по потреба, а оние кои ги носам поретко како фустани или некои посвечени работи после перењето ќе ги испеглам и спремни се за наредно носење. :)
     
  18. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Па вакаа :
    Мојот има лизгачки врати ,и има три реда .Во првиот ред има 4-5 полици и јас таму чувам маички,шорцеви,блузи и фармерки.Во вториот ред има исто така полици каде што чувам долна облека (две полици) и во останатите две чувам тренерки и тн.Во третиот ред има едно железо за закачалки каде што чувам фустани и палтенца.Во третиот ред има и две полици каде што чувам обувки :)
     
  19. RoseMarie

    RoseMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    18
    Мојот ормар...ухх тажна приказна :rofl: :rofl:
    Имам голем ормар поделен на 3 дела.Првиот е за закачување вториот е цел со полици и доле 3 фиоки.На најгорната полица ми стојат:капчиња,шалчиња,ракавици и тн.
    Потоа следи летна облека и пижамите.Фиоките ми се прво дебели чорапи и хулахопки, па гаќички и на крај тенки хулаопки и чарапчиња.
    Последниот дел е за закачување па таму ми стојат од лева страна маици,во средина обесени каиши,марами и на крај капутче мое,џекети и можеби 1-2 дуксерки голеееми.

    Зимската облека ми е во друго едно шкафче. ;)
     
  20. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    хехе и кај мене е нешто сличен ..многу е голем орманот исто со фиоки ,полици и за закачување. Во фиоките ми стои вешот горе на полицата ми стојат каиши ,капи, марами идр... а на закачалките блузите и фармерките :) :P :) :) :P