Нашите ормани

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 17 септември 2011.

  1. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    јас имам огромен плакар..и СЕКОГАШ ми е среден..неможам да поднесам кога ми е лом :D поделен ми е на три дела..во првиот ми стојат алишта што ги носам во зима..и на закачалки ми стојат фустанчиња,кошули и нешто што не се дипли :D во вториот дел ми стојат фармерки,панталони,суќњи..иам неколку фиоки во кои ми стои веш,ташни и купаќи..и во третиот дел алишта за во лето.. :)
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Имам еден дел од орманот кој во мојата соба зафаќа цел ѕид. Мојот дел е од долу до плафот и е составен од три дела: долу има четири широки фиоки, па следи подолг шкаф, а над него уште еден помал шкаф. Сето тоа е во вертикала. Облеката ми е секогаш убаво здиплена и наредена. Сортирана ми е по сезони, таа облека што не ја носам сега (пролетна и летна) оди во мојата како што сакам да ја наречам „архива“, а тоа се двете последни фиоки. Облеката што ја носам ми е закачена на закачалки во поголемиот шкаф. Фармерките и останатиот дел од облеката која моментално ја носам ми е подредена во бои. На едниот крај од шкафот ми стојат каишите, а на посебна закачалка ми стојат сите марами и шалови. Бидејќи често го прередувам шкафот и се ми е под конец, знам во секој момент кое кај ми е. Чевлите ми стојат во кутии во посебен шкаф во соба. А оние кои ги носам моментално ми стојат во ходник.
     
  3. MiniMouse7391

    MiniMouse7391 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    30
    и јас исто вака го средувам :)
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ме мрзи да објаснувам ставив стикери на сликите. :)
    Секогаш се е средено по боја и големина внатре. Немам многу облека.
    Накитот е 80% кај сестра ми во соба, коланите сите кај неа и облеката ја делиме пола пола.

    [​IMG]

    Горниот дел на плакаите:
    [​IMG]

    [​IMG]

    Од мостот над креветот:
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На babylove123, Cacy и danichap им се допаѓа ова.
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Немам појма како да си го објаснам плакарот, но ќе пробам. Во еден дел ми стојат долгите работи, односно јакни, дуксери, џемпери, наметки, блузи кои се гужваат, кошули, фустани и сите се подредени по дебелина, односно од подебело кон потенко, а потоа по должина нешто ако може да се среди. Исто така на закачалка ми стојат марами и каиши кои стојат на крајот. Над шипката за закачување има полица, на неа ми стојат фармерките, панталоните и хеланки (во лето таму стојат шорцеви), а во позадина стојат некои шалови. А под работиве што се закачени на закачалка ми стои прекривачот. Над плакарот за работи на закачување има плакарче кај што ми стојат некои лампиони и еден јорган кој не го користиме многу многу.

    Долната облека и чорапите ми се наредени во фиоки. Првата фиока ми е за гаќи, не е многу средена иако се трудам да биде. Најнапред стојат оние што најчесто ги користам или најмногу ги сакам, потоа се тие што ги користам најмногу кога имам менструација, а најназад стојат стари, мали гаќи кои ми е жал да ги фрлам. Втората фиока ми е најсредена, таму ми стојат обичните бели маички за под блуза, бодиња и беби-долчиња ( смешни се последниве два изрази :D ). Третата фиока ми е со чорапи и таа е најнесредена. Има повеќе распар чорапи отколку нормални парови, иако во последно време почнав да ги вадам чорапите што немаат пар и ги ставам во посебна кутија каде што ми стојат сите непарни чорапи, а таму можеби ќе си го најдат парот. Во четвртата фиока ми стојат пресата, фенот, полначи за телефон и слични кабли. Во една кутија ми стојат само распар чорапи, а во друга ми стојат хулахопки. Под фиоките има мало плакарче во кое што ми стои една мнооогу дебела зимска јакна - шушкавец ко за скијање која зафаќа многу место ако ја закачам, па стои така здиплена.

    Потоа доаѓа првото мало плакaрче, таму на првата полица стојат некои џемпери и блузи на мајка ми. На втората полица ми стојат големи блузи (кои најчесто ги користиме за спиење) наместени по боја, потоа до нив ми се пижамите, две спавачи и блузи што ги користам за на физичко подредени по дебелина. И на крајот стои мојот омилен пешкир а над него прслуците.

    Во второто мало плакарче ми стојат блузите и џемперите што не се гужваат. На горната полица прво ми стојат обични, не многу дебели блузи, најчесто ги редам по дебелина, не по боја пошто речиси се е црно и само кога мешам бои можам да распознаам за која црна блуза станува збор. До неа се малку подебелите блузи, наместени на ист начин како првите. И на крајот на истата полица се џемперите, наместени по дебелина. На долната полица пак ми стојат неколку блузи на кратки ракави, на три-четврт ракави и една посвечена блуза. Тие не се баш средени, така измешани стојат, бидејќи не ги користам многу.

    Под второто плакарче има мал плакар каде што ми стојат кутии со штикли и уште неколку кутии со чорапи и хулахопки. Ракавици и капи за во зима немам многу и ми стојат исто во една кутија. А ташните ми стојат закачени низ соба или во некој ќош забутани. Имам уште плакарчиња и полици кои ми служат за чување на козметика, албуми со слики и слични работи, па затоа не ги ни спомнав.

    Инаку плакарите ги средувам еднаш неделно, бидејќи во текот на неделата има повеќе облека на столчиња и кревет, отколку во плакарот, така што не ми се секогаш средени плакарите. И мразам да ми чепкаат низ плакар, не сакам ниту мајка ми да ми ги средува плакарите затоа што нема да знам што каде ми стои колку и да е средено. А јас сама ако си го средам и бомба да паднала во плакарот пак ќе знам што каде ми стои. Се надевам дека ми го разбравте распоредот на плакарите, како што реков не знам како да го објаснам бидејќи е еден огромен плакар составен од повеќе елементи.
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Имам еден голем орман и едно помало орманче во кое чувам мали чанти.
    Големиот е поделен на три дела:
    -во првиот дел има четири полици на кои се наредени диплени блузи за секој ден селектирани по сезони. Под полиците има две фиоки од кои во едната чувам пижами, ноќници и такви работи за спиење, а другата ми е резервирана за школската униформа.
    -вториот т.е. средниот дел е со шипка за бесење. Има две шипки една под друга и на нив ги бесам работите кои се гужваат, фустанчиња, кошули, џемперчиња и сл. Плус имам две закачалки со поголеми чанти кои не ги збира во помалото орманче.
    -третиот дел е како првиот, со полици. Исто има четири полици, ама овде се наредени фармерките, пантолоните и тренерките. Во двете фиоки чувам долна облека, чорапи и хулахопки.

    Козметиката се наоѓа на тоалетната масичка средена во неколку поголеми несесери. Исто така, дел од неа може да се најде и во фиоките под масичката, ама таму ја чувам онаа која помалку ја употребувам. Во тие фиоки има и шноли, ластичиња и слични аксесоари за коса како и накит среден во кутии.

    Каишите ми стојат обесени на закачалка на вратата која ми служи и за бесење на облека која ми треба за следниот ден.

    Чевлите ми се во посебно шкафче во ходникот наместени според тоа какви се и за кога се.
    Палтата исто се наоѓаат во шкафче во ходник, но само секојдневните и зимските. Останатите се во големиот орман.

    Марамите, шалчињата, капите и ракавиците ги чувам во истото орманче кај малите чанти.

    Се трудам секогаш се да ми биде средено, орманот да биде прегледен и облеката пеглана. Иако во моменти кога „немам што да облечам“ изгледа како да паднала атомска бомба, се трудам тоа да го средам бидејки после не знам да се снајдам во растурен орман.
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Имам 2 плакара, не секогаш се како под конец, но си се трудам да ми се средени.
    Во едниот,големиот ми стојат облеките за таа сезона, а во другито облеките кои не се за оваа сезона (годишно време)
    +имам доста полици и фиоки, за каишо, долна облека, накит, украси....
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Еден на два сида стое т.е 3 м е .Некои ми се на закачалки некое во фиоки.Секогаш испеглани и уредно анместени.Во ормарот имам посебен дел за чевли (полици).
     
  9. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Имам ОГРОМЕН ормар и секогаш е уреден еден дел од облеката ми е на закачалка а останатата облека е здиплена.Има посебен дел (полици) каде што ми стојат обувките.Во ормарот има фиоки и мали посебни делчиња каде што ми стои козметиката.
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Имам еден дупли и еден единечен плакар.
    Во дуплиот до годниот дел кој е на две нивоа ми стои зимната облека, т.е. таа која не и е сезоната, спакувана во вакумски вреќи.
    Во долниот дел кој е целиот за закаќчалки ми е наредена облеката за престојната сезона(сакам да ми е се на закачалки , попрегледно ми е и не ми се гужваат).
    Единечниот плакар исто има горен дел во кој ми е сместена постелнината и пешкири и сл. А во долниот дел кој е целиот со полици(5) едната е за долен веш , нареден во платнени корпи, едната е за чанти , две се за бебушката и една за секој случај :lol:
     
  11. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    270
    Имам не многу голем орман, блузите, фустанчињата ми стојат на закачалка, се друго за по дома е здиплено гакички ова она...
    Мојот шкаф беше среден се додека не барав нешто :D
     
  12. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    7.414
    Мојот е среден ама бидејќки немам каде да ставам закачалки дел од облеката ми е во шкафот на мајка ми кутра таа со мене нема каде ни нејзиното да го остави не пак моето :lol:
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Имам дома два сандаци. Од земја, скоро до таван. Бели.
    Еден мал. Таму стојат панталоните, здиплени. И еден голем. На закачакли, таму стојат блузите.
    И благо речено, како атомска бомба е, да. Додуша баш сабајле, блузите си ги закачував на закачалки, оти многу паѓаат. И баш се отерасив сабајлево, од 4 маички. Едната ја облеков пред 3 години, последен пат. На сестра ми матурата.
    Во тој помалиот, каде што чувам панталони, има парфеми, лакови, креми, влажни марамици. Сваштарии. И ради тоа, ми е турбо атомска бомба. Како се снаоѓам? Ниту јас незнам. Лаковите позади фармерките, шорцевите позади парфемите. Шта да ти причам.
    Плакарите со алишта, ми се исто како фиоките со книги. Таман ќе ги расчистам, и после 2 дена, пак ми се турли тава. Не можам, константно да ги тинтрам.
    Хаосот настанува, кога перените маички, ми ги ставаат во плакарот со панталони. А таму не се знае ништо. И јас ќе почнам да се дерам кај ми е ова, кај ми е она. И истата маичка, може да ја најдам, после 2 месеци, кога ќе барам друга. Не, готово. Утре ќе го расчистам уште тој дел од плакарот. Ветувам. :!:
    А чевлите стојат во шкафче во ходник. Повеќето се патики. Нит носам сандали во лето, нит чизми во зима. За мене, патика си е патика, и ништо не може да ја замени.
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Јас имам два ормани. Во едниот ми се сместени фармерки,панталони, суќњи, кратки панталони и фустани на закачалќи. Во другиот орман ми се сместени блузите на закачалќи и корсетите. Но сепак пак немам место за целата облека и постојано ми се во хаос. Кога решам да го средам, еден ден ќе е супер, а потоа пак се враќа на стариот хаос. Немам навика кога ќе се соблечам да ја ставам облеката пак во орманот и затоа ми се расфрлани.
     
  15. Viki.piki.pajceto

    Viki.piki.pajceto Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    мојот е голем и имам многу парчиња облека но и среден е нормално
     
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Хаос владее во мојот кутар шкаф.
    Прво да кажам дека едната врата за малку не ја скршив и сега мора мнгоу да внимавам со неа.
    Внатре... :lol: никогаш не било, не е и нема да биде средено.
    Во поголемиот дел стојат некои покривки, ќебиња и слични работи. Јас често врз тие ќебиња фрлам облека и други работи. :D Таму може се да се најде. Од чорапи, гаќи, панталони до шминките на мама, влечки и играчки (овие вториве работи ги напикав во шкафот кога бев мала, па кога мама дозна си добив казна. Да се разбереме, сега не чувам влечки, козметика и играчки таму).
    Во помалиот дел ми стои облеката. Распоредот на облеката е различен секој ден...како резултат на тоа што секој ден пред да одам на училиште обидувајќи се да најдам нешто, рушам се, целата облека ми паѓа на подот. Потоа, само ја ставам целата облека во шкафот како ќе ми дојде.
    Ми се има случено неколку пати да ми падне облека врз главата кога ќе го отворам шкафот. :lol:
     
  17. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    2 шкафа.во едниот,на закачалки фустанчиња,кошулки,јакни..под тоа,пижами и 2-3 ташнички(толку имам,доста ми се за сега,мала сум хахаха) :D
    во другиот,фармерки,блузи,сукњички и останато :D
    во една фиока имам долна облека,а во друга хулахопки,чорапи.. :D
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Имам еден плакар
    На горниот дел има место за закачалки и тука се фустаните и капутите, јакни и некоја кошула
    суќни немам од причина што не сум обожавател на истите
    Долниот дел ми е поделен на два ката и таму ми стојат фармерки, блузи, џемпери.
    Имам две фиоки едната за долна облека гаќички, бодиња, градници
    а во другата чорапи, хулохопки, хеланки.

    Обувките ми стојат во ходникот во посебно шкафче во кутии,
    не дека имам многу чизми, патики, сандали, некој пар балетанки и тоа е се, имам мала нога и ретко можам да најдам бројче :tmi:
     
  19. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Ќе треба да си купам нов, не ме собира повеќе
    Овие 4/5 месеци изнакупив гардероба за цел живот :$
    Ако донесам уште некое парче ќе ме исфрлат :lol:
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Бидејќи собата ја делам со брат ми и немам баш некој голем простор за облеката. Имам шкавче со 4 фиоки. Во првата ми стои долната облека, во втората пижамите хеланки и такви работи, во третата и четвртат ми се алиштата за по дома што ги носам. Имаме друг голем ормар кој со брат ми го делиме. Во една фиока ми стојат чорапи и хулахопки. А имам и 2 полици.На едната ми се зимските блузи а на другата имам анредено парфеми, кремови, гелови такви работи. ДОлу имам доста широк простор и таму ми се маиците и фармерките.