1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нашите ормани

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 17 септември 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    ова е мојот плакар, знае да биде и посреден ама и во многу полоша состојба
    како што може да се примети користам многу кутии и секогаш се изненедувам што се има внатре во нив
    плакарот со чевли неможам да го сликам (затоа што имам плакарче со чевли и кутии,кутии, кутии околу него )срам ми е :x
     
  2. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Го средувам и тој пак не среден :lol:
    Мислам дека вратничките од плакарот ке ми попуштат :sweat:
    Кратки панталонки,фармерки,рамбовки,блузи на кратки,тричетвртни,долги,дукс,тренерки,хеланки,кошули,суќни,робички,корсети... :emo: :$
     
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Таман сум го средила,пак се растурил :lol: Ги диплам,не е со закачалки мојот дел,посебно се сортирани фармерките,посебно маичките и блузите со долги ракави,ама веднаш ми се растура,толку знам да го средам :D Вратите не се затвараат веќе,пука одвнатре. :D
     
    На UltrasGirlMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Облеките ги чувам во фиоки и на закачалки. Повеќето ги чувам низ фиоките, секогаш е хаос. Панталоните ми се на посебни места, а блузите и тие на други. Кошулите и фустаните ми се на закачалки и тоа низ собата. :D
    Се наоѓаат руби по столот, на земја итн..
     
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Јас пак мразам кога собата и плакарот ми се несредени, па затоа се трудам тоа и да не се случи. Плакарот ми е среден и се е под конец. Точно знам сeкое парче кај ми се наоѓа ! На закачалки ми стојат, палта, јакни, сакоа, џемпери, кошули, фустани исто на закачалките ми се наоѓаат и панталоните, фармерките и по некоја сукња и сите ми се подредени по дебелината на алиштата. На посебен рафт ми стојат блузите на кратки и некои маички, во друг дел имам хеланки, тренерки и некои работи што ги носам по дома, потоа долната облека ми е на посебно место и чорапите во посебна фиока. Ташните ми се во одделен рафт, а обувките во друг шкаф во ходник. Тоа е тоа отприлика кај мене тип топ скоцкано и немам ниту едно парче облека негде низ соба закачено, тоа никако :| 8)
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Алиштата ми се секогаш здиплени. И подредени ми се. Еден ред хеланки, фармерки и пантолони. Друг ред џемпери. Посебно блузи, а посебно маички. Во посебен ред маички за по дома. Фустаните на закачалка. Маж ми ми се чуди како може да сум толкава цепидлака за среденост.
     
  7. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Фустани, палтиња, елеци и кошули ми де на закачалки и панталони класични. Додека фармерки, хеланки , тренерки и блузи ми се здиплени по бои и по тоа што за каде е за носење. Посебен дел имам за долна облека. Се ми е наредено по бои и поделено на зимно и летно. Инаку имам плакар голем на цел ѕид, бидејќи сум се жална немам што да носам и мама се ми вика да имаш еден партал ќе знаеш секој пат што да носеш а сега оти имаш многу незнаеш:rofl::rofl:. Го одржавам чист оти ме нервира несредено и кога неможам да се снајдам во него а се брзам. :@