@LivingGlam нели е со Б? Само при изговарање Б преминува во П? Уствари, не дека е и важно па, само ми дојде чудно.
Претходно се јас ги садев и никогаш не ми биле волку убави, оваа година мм па изгледа затоа се вакви Овие ни квасец, ни прехрана до сега не виделе, се се садени со купена земја инаку, цветаат како луди, секој трет ден полна ќеса сечам од прецветани цветови
Не е. Изедначување по звучност. Волшебно - волшепство. С е незвучна, а првата согласка се изедначува по звучност со втората. Леб - лепче.
Не знам што цвеќе е ама јас го викам дождовно, оти само кога врне многу дожд искарува волку цветови. Цвета само 2 дена. Го обожавам. Го имам неколку години ама дури лани почна по волку пупки да има.
Знае ли некој да ми каже што се случува со моите орхидеи? Првите 3 пуштаат зелени листови веќе 1 година но пупки нејке ни да слушнат. И листовите се сушат од време на време. Зима ги чував на прозор на дирекна светлина и таман се оправија малку почна сонце да пече па мправ да ги тргнам и да ги ставам на масичево да не бидат изллжени дирекно на сонце. Орхидејата со цветови ја добив пред некој месец па почна и таа да се суши сега. Знам дека се нежни многу. Внимавам и на вода и ма светина. Претопло ми е дома па си викам може од тоа се сушат. Иначе ставам и лек за орхидеи 1 на 15 дена... Што друго да направам, се ви дала бар еднаш да расцветат..
1. Пресади ги соодветно, по сличево се во пластика во која си ги купила. Обично најубаво успеваат во керамика или стакло. Правило за садење: ако е саксијата без отвор најодоздола лента стиропор, па убава купена земја (имаш и посебна за орхидеи) и најодозгора крупни дрвени струганици. 2. Врати ги на прозор! Ако ти е јужна страна и имаш на прозорите завеса, венецијанер стави ги на тој, ако ништо стави ги на друг прозор што е друга страна. Орхидеа сака и сонце и светло, на масичево во ќош колку и да им иде светлина не верувам дека ќе успеат. 3. Стави и ти финтата со квасецот, ако ставаш прехрана стави и ова, за почеток дур не ти пркнат нека биде и на 2недели па на месец.
2 се пресадени, 2 се купени во пластични саксии. Керамика имам но не е проѕирна. Може или мора проѕирна? Ке пробам со квасецот обавезно, фала ти мн.. А за прозорот, не беа на јужна туку пробав и на исток и на северо исток( на двете страни ги удира дирекно сонце до 12 часот). Имам зебра завеси но заборавам да ги спуштам секоја ноќ Земја имам специјална за орхидеи
Не мора да е проѕирна саксијата. Стави ги тогаш на тие прозори тоа е идеално за нив, до 12ч не е ни многу јако сонцето, ептен ако мине над 40степени гледај завестите спуштени да се сигурно
Таму беа лани цело лето, но беа како овенати од топлото. Вода на колкижу време треба да се става? Доволно е 1 неделно(кога е мн жешко). И ме интересира дали може летно време на тераса да стојат? Северна страна е. Внатре ми е мн топло.. Фала многу и извини напнав со прашања..
Вода на жешково по потреба, затоа и се ставаат одозгора дрвени струганици за да држи влага. Можеш и надвор, нема да им пречи ама периодов времево е многу нестабилно па не би ти препорачала сега да ги вадиш надвор..