На кактусите вода колку ставате и колку често. Многу ги сакам ама 2 ми се исушија. Прихрана треба ли? И што е финтата со квасецот.
Јас на моите не им ставам ни прихрана ни квасец (а баш би сакала да знам и јас повеќе за квасецот) ама важно е да ги пресадуваш, зашто ако ги имаш оставено така како што си го купила, џабе му е наводнување, нема простор. Јас лично зимно време им ставам еднаш неделно по мнооогу малку, колку 2-3 капачиња од шише. Летно време почесто, како растат минимално и количината на вода им ја зголемувам.
Јас ич не им ставав. може затоа почнаа да ми умираат. А иначе пресадени ми се. Ништо не оставам во оригиналното саксииче.
@Dadusicka @Оленка* Ако кактусите ви се на сонце овој период кога е претопло ставајте им вода на 4-5 дена по малку.Издржуваат и бев вода но тоа повеќе во зима. Треба да ви се посадени во нехранлива почва и да имаат дренажа. Прочитајте општо за кактуси некоја статија ќе ви се објаснат многу работи. Кактусите се преубави растенија според мене и потребна им е многу љубов иако не се тешки за одгледување сакаат внимание. Променете им место повеќе пати додека не забележите разлика кај нив,да изгледаат свежо најважно е
Друштво, мислам дека е ова најсоодветна тема па решив овде да го поставам прашањето. Каде можам да најдам семиња за рози/трендафили кои ќе пораснат во лилакова и сина боја? На времето цела градина ја имав со вакви бои на трендафили, но сега веќе не можам да ги најдам. Од Скопје сум, совет? @Viktorijaaa5 Пак јас. Од каде ги купи кактусите, преубави се?
@orevokrsacka во каква земја успева лимонот? Ги изртив семките, се уште не ми се засадени. И во колкава саксија од почеток, и колку вода сака? Спојлер: Цвеќе Еве ги моите, ги ставив и во друга тема, оваа сега ја гледам
Лимонот по правило сакал земја со поголема киселост, (ниска ПХ вредност), ама таква во Скопјево не најдов. Мојот е засаден во обична купечка земја од цвеќара помешана со прегорено овчо ѓубриво купено од пазар, во долниот дел од саксијата ставив и камчиња за подобра дренажа. Го купив пред 3-4 години калемен, од расадник. Прва година го задржува плодот, претходните години ги отфрлаше, не знам зошто. Ако го садиш од семка, следната година калеми го за да дава плодови (треба да биде во висина најмалку 12-13 см. за да се калеми). Саксија во сооднос на големината на стебленцето, (на почеток ти е доволна од оние со дијаметар од 6-7 см. кога уште се нема појавено стебленце), за почеток обична купечка земја, можеш и малку песок да измешаш во неа, вода кога ќе се засуши површинскиот слој. Догодина кога ќе потпорасне пресади го во еден број поголема саксија. Семките засади ги, па кога ќе пркне од земја, пофали се со сликче, баш ме интересира како изгледа „бебе“ лимонче. Супер ти се цвеќенцата на тераса. Поздрав