Нормално дека се "цвеќиња" Ние за све живо што е растение викаме цвеќе, дури и да нема цвет Барем патлиџанот има цвет
да, баш. Вчера приметив дека почнале да црвенеат бе у саботата беа зелени, денес за салата стасаа Иначе, не знам од каде, али во две саксии се погодило нешто кое мислиме од тикви дека било семе или поима немам али, такви се изникнати едни листови огромни и стебленце дебелко низ цела тераса и расте ко лудо, цела ограда ја запоседна и има трчи-сопни се по некој цвет кој брзо умира откоа ќе се отвори.
Кога се внесуваа дома цвеќињата? Кактуси и сукуленти ми се само, па се мислам за сукулентите да не е ладно насабајле? Не се сеќавам лани кога ги внесив. Да не сум целосно офтопик, денес сликнато дрвото на љубовта, омилено ми е од сите што ги имам.
Кактусите и сукулентите можат да се внесат и покасно кога ќе подзалади. Поосетливите цвеќиња (на пример шефлера, фикус) кои се склони да ги фрлаат листовите ако се внесат при поголема температурна разлика надвор/дома, треба да се внесат пред овие временски промени, за да не „оќелават“ од шок.
Убава Ката Касно го посеав... требаше да започне со цветање во јуни. Но среќна сум што во средината на септември сепак го видов цветот
Сум ставила слика од овие кактуси, пред година време. Таман за споредба, колку се испораснати, лудо, за толкав период. Има ли поубаво од тоа да имаш слика од пред и потоа, псоебно ако си налудничаво опседнат со кактуси и сукуленти? -Нема. Ги ѓубрам со природно ѓубриво, гледате , и многу им одговара, Штета што фемина не дава да ставам повеќе слики. Ќе обновиме понатаму.
Kolku mozam da vidam hydrangea tree Gi ima razni golemini, kako zbun I drvo. Brzo rastat I vo razni boi gi ima.