Да, цветот е прекрасен. Не знаев дека го викаат и зирокактус, го знам само како Божиќен кактус. И навистина е зимски убавец.
Алал да ти е колку се прекрасни,како ги одржуваш,каде ги купуваш вазните многу ми се допаѓаат?Машала.
Ви благодарам вазните се од Поградец и од Тирана има во Икеа голем избор од тамо ги пазариме и песокта и школките како декорација. На почетокот многу ни се шушеа и брзо овенуваа но најдов еден трик секогаш кога ќе засадуваме ново цвеќе блендирам љушпи од јајце, банана и 1/2 кора од лимон и го мешам тоа со земјата. Бидејки љушпата од јајце е богата со калциум, а бананата со магнезиум, кората од лимон ги освежува.
Чекам да се подстопли времето па да ги пресадам во украсни саксии и жаедињери и украсам со украсни каменчиња
Си купив орхидеја, некој што одгледувал некое инфо да ми даде, ми кажаа 1 месечно само да ја поливам со вода, а дали стое на светло, на темно и такви работи, ништо не знам споделете ако знаете, не сакам да ја уништам.да и обрнам внимание убаво