Обавезно на место каде што има многу светлина но не на директна, да не биде директно на прозорец. Толку знам Се надевам и јас еден ден ќе почнам орхидеи да гледам.
@Alishan30 Еве што најдов Phalaenopsisot сака многу светлина. На овие орхидеи им годи да се на источен или западен прозорец. Наводнување: Следно наводнување е дури кога жилите ќе добијат сребренкасто бела боја. Се препорачува да се покиснува саксијата во одстоена вода 5 - 10 минути, па да се остави на страна да се исцеди вишокот вода и дури потоа се враќа во украсната саксија. Препорачувам да се направат дупчиња по целата саксија, за да може супстратот подобро и побрзо да се исуши и да се спречи трулење на жилите. Еднаш месечно се тушираат со млака вода, не ладна. Phalaenopsisot најчесто цвета два пати годишно. Во пролет и во есен. За да пушти цветна стапка, потребно е таму каде што стои да има пониска температура од прилика 40 тина дена. Кога ќе почне да му расте цветната стапка, се преместува на потопло. По цветањето, доколку стапката почнала да пожолтува, се сече цела, а ако останала зелена, тогаш се сече до последното коленце каде бил првиот цвет. Phalaenopsisot е орхидеја која сака многу влага во воздухот, па така, доколку во просторијата во која се наоѓа, има парно и воздухот е многу сув, потребно е да ја прскате со одстоена вода по листовите и воздушните жили. Исто така на парното ставете сад со вода, да испарува.
Го добив поклон ама незнам какво цвеке е? Дали сака вода, светлина? Убаво е многу па ако успеам да си го зачувам За една сезона е или подолго живее?
Циклама е, колку што можам да препознаам. Воопшто не е тешка за одгледување. Си бара светли места ама не ја ставај изложена на директна светлина. Цвета во зима и во овој пролетен период, негде после април е во мирување сè до октомври-ноември и не бара многу влага, полевање еднаш неделно е обично доволно, ќе следиш како ќе биде и дали ќе има потреба од дополнително полевање. Многу убаво цвеќе е, јас имам бела.
@Mishela дали да ја пресадам во поголема саксија или уште и е доволна оваа Како што гледам голема е па може добро би било уште сега да ја пресадам Значи дома да ја чувам да не ја вадам надвор на тераса Ако биде надвор дали ке измрзне или не бидејки рече цвета и во зима Извини вака многу прашања ти поставив
Девојки ќе си добијам цвеќе crassula ovata или попознато како дрво на парите и сакам да го чувам дома.Каде треба да го ставам на светлина на темнина кај клима и како да го одгледувам и на колку време да му давам вода и дали и кога се пресадува?Ви благодарам мили
Цвета и во зима ама не е за надвор, ќе ти се исуши од студено. Чувај си ја дома, на добро осветлено место ама не под директна сончева светлина. Можеш да ја пресадиш.
Красулата ако ја чуваш дома стави ја на јужен или добро осветлен прозорец, подалеку од клима уред. Се пресадува кога ќе видиш дека веќе не е стабилна во постоечката саксија, вода ставај кога површинскиот слој е добро исушен. Зимно време во ладна и светла просторија, ако е на многу топло ќе ја изгиби кимпактната форма и ќе биде цела во стебло со многу малку листови. На две години е пожелно да се скрати за да биде погуста и пораскошна.
Цвеќиња кои сакаат многу сонце? Не ми успеваат убаво на тераса бидејки цел ден ја пече сонце само попладне веке околу 16ч е сенка Препорачајте ми цвеќиња кои издржуваат цел ден на сонце
Еве ти неколу кои јас ги Имам на тераса и по дворот...Бегонии,сардели,петунии,газанија,крин(лилјан),пркос,далија(георгина),хортензии
Женски, дај препорачајте некое повеќегодишно цвеќе, отпорно за на тераса - на повисок кат сум, па ветер крш ми прави по цвеќињата. Само пари фрлам без врска секоја година.
Како правилно се одгледуваат кактусите, колку пати се полеваат со вода? Си земав еден, скоро еден месец ми стои на прозорец на светлина. Се мислам дали да го извадам надвор?
Моите се надвор ...зимата ми беа внатре на индиректна светлина , некои ми се исушиле не ги вадев зимата , а сега бидејки се надвор доволно е добро да ги навадиш во две недели еднаш , но да те предупредам вазната да има долу дупчиња за истекување на водата инаку ке скапа
Го купив во две саксии едната е украсна а другата е малечка, на дното забележав вода најверојатно има дупчиња. После колку време можам да го пресадам, има како мали топченца и едно големко. Страв ми е да не го оштетам, и на колку време цвета кактусот?
Вака , дупки мора да има саксијата/вазната ,како што пишав инаку ке скапа... Можиш кога сакаш да го пресадиш , јас имам пресадувано и во пролет и во лето и во есен , само во зима не ... Земав фаталка(она што е за салати за сервирање ) и така не ги оштетував ,а и најчесто ги делев малечките и ги ставав во друга мала вазна , ти ако не сакаш не мора да ги делиш ,само биди внимателна и земи фаталка Цвет пушта зависи кој кактус ,најчесто после една година но имав кактус што ми пушти цвет после 3 години