Каде ви Скопје има најголем избор на цвекиња за тераса? Посебно сум заинтересирана за висечките бегонии како на сликите:
Да Уште не е целосно расцветан. Имаме уште еден, тој е розов ама само е пупки, кога ќе се расцвета ќе го сликам и него.
Кој се разбира во гледање на ружи може да ми пише некој совет како правилно да ја одгледувам? Нова ми е и не сакам да ми овене. Инаку немам многу среќа со цвеќиња, сите за кратко време ми овенуваат а многу сакам да имам дома цвеќе. Ја пресадив и ставив блендирана лушпа од банана, јајце и талог од кафе, така прочитав.
Розиве се одгледуваат надвор , не во домашни улови, сакаат ладно преку зимо, немам искуство со бананата , саксијата ми изгледа мала , мини рози кои ми беа засадени во помали саксии ми се исушија, тие што беа во поголеми се уште се живи ,тоа е мое искуство, плус ги прскам со средство од земјоделска против болести и вошки ,и сакаат сонце
Не треба да биде во вода. Кога ќе го полееш, по десетина минути исфрли ја водата собрана во украсниот сад. Иначе ќе скапат коренчињата. Мојата орхидеја стои на источен прозор со малку сонце отсабајле, и добра е.