Да ги ставам дури се сите на купче. На ограда има сардели и чувари, се надевам ќе издржат на сонце, прв пат садам. Кактусите уживаат на јужна страна. Азалеата се суши, паѓаат листови, совет како да ја опоравам ако знае некоја.
Тетками има 3 орхидеи и ги чува во вода. Вели дека сами си примале вода колку што им било потребно па затоа и јас така направив ама ја истурив сега, подобро ќе ја полевам. На колку време ја полеваш? И не се пресадува така?
Па не знам, јас секогаш ја истурам водата, така ми кажаа. Ја имам 2 месеци и не е пресадена, уште цвета. Негде на есен планирам пресадување, ќе и треба малку проширување мислам. Вода еднаш на 5-6 дена.
Девојки само сакам да ви се заблагодарам за тоа што секој ден ми го разубавувате со вашите прекрасни цвекиња.