Го имам од февруари, минатата година. Но беше ептен мало коренче, со неколку цветчиња. Еве каква е после година ипол , сигурно местото сум и го погодила . Но, ретко ми цвета. Во јули даде едно цветче, и сега повторно едно, и покрај тоа што редовно и ставам гјубриво за цветење. Ама ако, јас и со едно цветче сум задоволна Го немам разделувано досега, само што два пати ми е пресадувано во поголема саксија.
Не се ли захтевни??? Мене ми се преубави, се восхитувам кога ги гледам, ама ми изгледат комплицирани за одржување, па затоа немам си ги купено досега. А ако ми се исуши, душа ке ме боли . Се врзувам со нив, и не ми е жал за потрошените пари, туку за цвекенцето, што повеке ке го немам А пак, и никој се нема сетено да ми поклони една орхидеја досега .
Воопшто не се тешки за чување ,сaмо направи дупки во саксиите ,погоди им го местото светлина да имаат ,преку зима отптилика 2 пати месечно вода им се става ,или по бојата на корењата кога ќе станат сиви , и ќе имаш најнезахетевен а најував цвет до цвет
Не се захтевни многу. Битно да им го погодиш местото. Колку помалку им се притресуваш, толку повеќе ќе те изненадат. Ги имам неколку, со првата кога ја добив ко бебе мало се однесував, само се притресував, сега сфатив дека не им треба толку многу тинтрење. Гранките што ми се исушиле после цветање, ако почнат да се сушат сами по себе од врвот, ги сечам прво од горе и малку цимет им ставам. Ако не над 1/2 коленце од доле и ги ставам во тегла со вода и менувам секој ден вода. И еве го од малецка точка, за колку мал период, колку е израснато. Спојлер На другата гранка па има лист, тој расте, чекам коренчиња ако пушти да го разделам и да го засадам во супстрат.
@petunija77 , @Antolinaa , ви благодарам многу. Го променивте моето мислење за орхидејите, мислев дека сакаат многу тинтрење. Штом е така, како што велите, ке мора и јас наскоро да си се почастам со една ваква убавица
Мојата бегонија . Мислев дека е сезонско цвеке, постојано беше во цвет од крајот на април до крајот на септември. Октомври направи пауза, и во ноември повторно даде цветчиња. Но, изгледа топлото време ја прелажа да расцути по втор пат. Сега некако, како да нема сила да ги отвори цветчињата, треба да се розева боја. Секако и таква си ја сакам .
Мојата помала замија, конечно даде нов изданок . Ја добив на поклон во мај, и дури сега ме израдува . Радости Ја обожавам
Здраво, порано знам кога мајка ми ќе пресечеше некое цвеќе и ќе го ставеше во вода да пушти жилички за да го размножи, внатре му ставаше зрнце пченица или јачмен (не сум сигурна што. Знае ли некој што точно и зошто е тоа така?
Веројатно поттикнуваат да пушти побрзо коренчиња или може превенираат скапување. Имам слушнато дека ставаат и врбови гранчиња. Јас ништо не ставам кога закоренувам цвеќе. Само вода во непроѕирно шише или мала тегличка, и секогаш успевало.