@MacenceEna првото е фикус, второто мислам дека е дрво на животот. Еве и ја мојата dracaena од добрите времиња, си ја најдов сликата на форумот.
Ова цвеќе мие од моите синчиња за роденден а ова подоле од свекор ми за роденденот многу сакам цвеќиња и за секаков повод дали роденден мој, на децава, слава добивам цвеќе
Викендов ги сaдев. Белото и розевото што се во кутијата ми рекоа дека се повеќегодишни и дека растат големи како малините од прилика. Се надевам дека ќе ги дочувам за да ја видам таа убавина.
кактусите ти се фантазија стварно сум водушевена Офф: Не ги делиш новите кактуси ги оставаш да си растат заедно?
@vitamina браво за темата... Мислам дека ке биде најшарената и најубавата тема на Фемина Мммм... Ме затекнавте неспремна за темава ... Во „архива“ малку фотки од цвеќенца... И тоа сите постирани во други теми !!! Но, ке се „оправам“, првиот слободен момент ке испосликам се по двор
Ти благодарам Уште треба да расне, мало е, понатака, а и не знам како се одделуваат за размножување, ке прашам на Зелено пазарче од каде што го имам купено
Еве дел од моите. Последниве во канцеларија ми се. Инаку како да смалувам слики, се преголеми се за прикачување.
Сликите да бидат само од цвеќиња, пази свеки да не се истопори да се пофали чии се. Темава е многу убава за жал мачката сите ми ги масакрира и сега треба одново да садам... @Eli23 како се викаат розевото и црвеното на втората слика многу се убави.
Браво за темава, како голем обожавател на цвеќе ќе ме има често тука. Ова се криновите кои ми цветаа пролетва во дворот
Валгда е дрво живота ова/. Во вид на палма расте. Тазе насадено. Моето лимонче, многу си го сакам. Ќе го пресадам скоро во поголемо нешто. Знае некој дали треба да се калеми за да раѓа? Појма немам искрено. Да ја прашам мајка ми, таа ми ги донесе. Ќе пишам.
Хахах па пола не ги знаеме вистинските називи. Еве јас си ги знам како дрво живота, бенџамин, меранта, лимон... Ако некој знае точен назив, нека споделува. Убаво би било вистинското име да го знаеме.
Еј и да те прашам за лимонот кај нас дека е ладно може да се засади надвор? Дали успева не можам цело време дома да го чувам. Повторно се вратив да живеам во куќа и многу сакам лимон во двор, ама не знам кај нас лимонот дали успева да ги преживее зимите... Ќ се обидам да засадам и тамам на пролет да го пресадам во двор.