Го имам од минатиот февруари, беше ептен мало. И мене прв пат ми цвета. Прво во јули даде само еден цвет, па во ноември уште еден. Овие цветови ги даде сите одеднаш. Не му ставам ништо посебно, зимава никаква прихрана, освен вода. Често ми бара вода, можеби затоа што е веке е големко и саксијата му е мала. Мое мислење е дека цвета кога саксијата е преполна.
Ова некои го викаат Замија, некои дрво на парите, правилно се вика Zamioculcas. Не мора да е на прозор или на дирекно сонце, не бара многу вода, еднаш во месецот му ставам. Само си кажува кога е за пресадување, корените му се како компири и како растат-ја деформираат саксијата Мене ми се свиѓа и како изгледа, доста е декоративно.
Сликни да видиме во каква саксија се можеби се за пресадување.Кактусите сакаат топло ни и не скроз директно сонце посебно не ако е млад кактус.Моите од сабалје ги фаќа сонце до пладне па после е сенка.На тераса е совршено сега ова време,летниот период наводнување на неколку дена по малку во зиме еднаш месечно. Јас имам замија и уште е во саксијата како што ја добив, добро изгледа свежно но кога треба да ја пресадам незнам и во колкава саксија да ја ставам
Имиња незнам третото е некој видна на алое сигурно,второто не е кактус. Кактусчњто можеш да го пресадиш а и не мора,вода еднаш на 10тина ден ставај или скроз кога ќе се засуши земјата.
Ова е чувар на куќа? Леле јас купив вакво (исто е ваљда) и се мислев кактус е Многу е убаво твоето. Може да ми кажеш како се одгледува, дали сака многу вода, сонце? И дали би му сметале овие каменчињата што ги ставив?
Во сукуленти спаѓа чуварот. Нема да му сметаат каменчињата супер си е. Околу одгледувањето вода многу малку еднаш во неделата му ставам. Некогаш и го заборавам. Гледај да ти биде сува земјата повторно кога ќе го вадиш. Кај мене така е фрлено во дворот на директно сонце.
Ај помош и за овие цвеќиња. Како се викаат барем, за да прогуглам. Ве напнав, ама стварно ништо не знам за цвеќе а стварно сакам да ги сочувам.
Девојки од што може да ми биде овенато кактусчето. Вчера ми стигна по карго, го пресадив и вода не му ставив. Така прочитав демек не требало вода после пресадување за да засуши коренчето ако е оштетено. Земјата со која го дополнив црепчето сама ја правев со малку песок, природно ѓубре и обична земја. Денес кога го видов скрос овенато му ставив малку водичка. Немам многу искуство со кактуси.