Тазе се засадени...допрва ќе ги одржувам...ама не се захтевни многу...сонце ,вода и одвреме навреме прихрана.
На кактусите пред да се пресеат им е потребно време да се адаптираат, посебно ако е бебе кактус, барем 2 недели пред да се пресее треба така да стои. Мене ми изгледа на реакција од промена, ми се случило и мене кога сум брзала да пресеам. Прсни го малку со вода, ама само стеблата, а не земјата и чувај го на топло и светло ама не на директна светлина. Овде каде што купувам кактуси во расадниците имаат специјална дохрана за нив. Шишенце е, од кое едно капаче се раствора во вода и се прскаат кактусите. Ефтино е а трае долго. Не знам во мк каде можеш да провериш, валда во земјоделска аптека треба да имаат.
Красула, стара околу 3-4 години. Летно време ја чувам на тераса, зимоска на ладно и светло во ходник.
Еднаш неделно. Кога е поладно времето поретко. Секогаш проверувам дали е убаво засушена земјата, и тогаш ставам вода.
Ми стана чудно дека е малечка, а си напишала дека ја имаш 3-4 години. И јас не сакам мојата да расте, па затоа не ја пресадувам во поголема саксија.
освен што бара вода каде е најдобро да се чува на сонце надвор или во соба денес ми дадоа па ја насадив во саксија ама не сум сигг како да ја чувам ?
Јас ја чувам дома, не ја изнесувам надвор. Ми стои до прозорецот, кој е на источна страна. Мислам дека не треба да се изнесува надвор, ова е собно цвекје.
Па што знам, мислиш дека мала саксија спречува раст? Ако можеш стави слика од твојата красула, баш сакам да видам како изгледа.
Петуниите се мошне нежни и захтевни. Најпрво мора да се засадат во земја соодветна за нив. Јас ги садам во Флорабела. Прихрана на 5 дена, еднаш месечно во прихраната и малку железо во прав. 3 ,20ки е најдобра прихрана за нив. Два пати месечно прскање против вошки, пепелница и пламеница. Редовно наводнување и кинење на сувите цветчиња. Еве тука убаво е објаснето. Ова важи за секој вид на петунија не само за сурфинија.
Прекрасна е. И саксијата и е таман. Воопшто не ја шишаш, нели? Ќе ја сликам и јас мојата најстара красула "Матица", стара 6-7 години, која ја држам под режим, т. е. редовно ја обликувам секоја година. Јас ги бендисувам повеќе кога личат на мини дрвца.
Немам ја стрижено воопшто. Мислиш поубава ке биде да ја истижам? Како на пример да ја стрижам? Да и ги сечам гранчињата што и се одоздола??? Дај ми некој предлог