Ета, еве ја матицата. Од неа имам размножено безброј мали красулчиња, и раздадено на куп пријатели. Дали ќе ја шишаш е прашање на вкус, што тебе ти се допаѓа. Факт е дека таму кај што ќе ја скратиш потерува по две нови членчиња, значи се згуснува. Мојата красула е веќе џунгла во крошната, ама убава ми е таква. Ја доживувам како бонсаи со дебелите стебленца. А можеш и да размножиш од твојата ново, па тоа да го тераш "режимски". Пробај два стила на одгледување.
Не, досега не ми цветала. Обично шишаните красули не сакаат да цветаат, тоа оние кои имаат слободен раст.
Аха. Пошто цветот ми се допаѓа многу а гледам дека има процедура за цветање, па да не направам беља со шишање Фала ти
Во Флорабела ги засадив и јас, сосем случајно испадна не знаев дека баш е за нив. Во земјоделска ми дадоа некоја течна прихрана специјална за петунии и сурфинии и плус од тоа средството за вошки и сл. Ќе купам и железо, нека има Засега се ок, нема угинати за разлика од лани кога во рок од две недели ми се расипаа. Фала за советите
Не е специјална за петунии но е соодветна замена на Т4 која е скапичка. Лани ги садев во Флорабела и супер ми беа. Во однос на прихраната препорачливо е водорастворливо,кристално ѓубриво. Јас користам БЕСТ, 350ден. 1кг, ми трае цела сезона.