Многу се убави. И јас ги имам ама не се толку бујни. Како ги одгледуваш? И после колку време стануваат волку расцветани?
Ги имам околу три недели, и почнав со прихрана (Бест), еднаш им ставив и средство против вошки бидејќи им лепеа ливчињата, што е сигурен знак дека ги имаат. Сонце имаат до пладне, иако не е на одмет и повеќе, вода ставам секој втор-трет ден, кога малку ќе се засуши површинскиот слој. Засега добро тераат, кога ги купив исто беа убаво расцветани ама сега се и пораснати. Мислам дека прихраната е многу важна за бујно цветање, таков е видот.
Јас. Многу е комплицирана, бара невозможни услови: да и е топло и светло без јако сонце, ама и да има голема влага (што е голем проблем) , страда од хлороза, бара кисела земја, абе намќорка тешка И на крајот ми пропадна, а навистина е прекрасно цвеќе. Па како убаво и мирисаше цветот ммм... Пробај ако ти е мерак, може ќе и ги угодиш побарувањата. И јас некогаш паѓам во искушение ама...
@ivanchos Целосно се сложувам со @orevokrsacka еве веќе една година ја имам и никако да и погодам. Сеуште не сум се откажала, па ќе видиме. @BoaVista ако може да ми го кажеш името на второто и четвртото цвеќе, прекрасно е.
На втората слика е каранфилче. На четвртата слика цвеќето и ја незнам како се вика Ја така од око ги купувам кои ми се свиѓат ќе ми кажат име таму, ама еве ова го заборавив Ако знае некој од форумот може да каже. Инаку не е многу захтевно. Јас немам поима од цвеќиња, ова прва година како купувам и ова досега добро ми тера, се рашири се разграни и пушти многу повеќе цветчиња. Само го пресадив, му ставам вода преку еден ден, еднаш само прихрана за цветање и тоа е. Туку мене ме интересира за вербената. Кога ја купив бемше многу расцветана и убава. И еден месец така си стоеше расцветана. И после почнаа да и се сушат цветовите, дека прецветаа и паднаа. И ок се тоа, ама еве веќе недела дена како паднаа, а нема други цветови. Што да и правам? Ќе цета ли уопште пак или толку е? Еве каква беше А еве сега каква е
Ја купив не издржав. Е сега кажувајте дали е во ред тоа со каменчиња доле. Читав дека за поголема влажност во тацна под неа да се стават каменчиња со вода натопени. И дали да ја пресадувам?
Каменчињата се во ред, така треба за поголема влажност. За пресадување:Првин побарај земја со пониска Пх вредност (покисела), обично е таа за цитруси, и пресади ја во не многу поголема саксија. Ако гледаш дека листовите ја губат темно зелената боја, значи и треба железо. За прихрана почни еден месец по пресадувањето. Одбери и некое убаво светло место, кај што нема да ја пече сонце премногу или да и дува клима, и стискај палци. И не и Ставај пречесто вода, само кога ќе се просуши површинскиот слој. А вода кај камчињата нека има, ама нека бидат на повисоко ниво за да не ја впива со коренчињата одоздола. Ете толку знам, со среќа со убавицата!
Прскај ја како и петуниите за вошки ако имаш средство ,ги фаќа и нив болести ...вода редовно ставај ,мислам дека не ти се пресадени ,како да им е мала саксијата , јас обично по еден корен ставам во долгнавестите стандрад што се, ама ги прихранувам и ги прскам исто како петуниите ,[/QUOTE] На претходните слики 1.вербена,2.каланхое,3.бонбонче.4каранфил.5.петунија
Кај мајка ми и татко ми цвеќињата. Мајка ми е голем љубител на цвеќиња, ќе идат сликите во неколку поста, не ги собира во еден
Купив левизии ,и изгледа ми умреа ,листовите жолтеат и скапуваат изгледа премногу вода им имам ставено.Има некој искуство?
Не знам какви се, прва година ги купувам. Против вошки земи Актара, испрскај или стави во водата за полевање. За сите цвеќиња важи ова.