Јас им ставив во вода и ги навадив поштено. Поголем е така ефектот отколку да се прскаат. Пишува на опаковката во кој сооднос да биде со вода. Ставив на сите понежни цвеќенца, па и на Сарделите тоа што остана.
Сега баш ја загледав левизијата, пробај пресади ја во сува земја и помала саксија. Ќе видиш и коренот во каква состојба е, ако е малку начнат скини го трулото, и засади го здравиот корен. Исто и камчињата одозгора ја држат влагата, нив ставај ги кога е многу жешко, сега е уште свежичко.
Да, Актара, се продава во земјоделска аптека. Во гранули е, раствори во вода и навади го. Ќе ти пишат која количина на колку литри вода, па ќе го дозираш.
Имам јас. Не сакаат вода, еднаш во неделата им е доволно. Тргни им ги жолтите листови, тргни ги од сонце и ќе живнат пак.
Фала. Сум ги потопила Ги пресадив во посува земја, ги тргнав жолтите, и ги ставив на шарена сенка. Сега да видиме дали ќе се спасат.
Ај и тука да си прашам, другата тема изгледа не е толку активна. Кај една петунија видов зелена вошка. Прскани се еднаш, сега пак ги испрскав, другите немаат изгледа ама од таа едната од прскањето испопаѓаа зелени вошки. Онака бујни се на изглед расцветани, не стојат на болни, не лепат. Ама читав дека тешко ќе се спасат ако фатат вошки. И сега има ли чаре некое? Ја тргнав таа веќе подалеку од другите за да не ги зарази. Еве какви се моментално, првата е со вошки.
Од мое искуство , 2 пати прскање неделно против вошки ,моментално користам моспилан ,кога ќе го потрошам,ќе земам актара , секогаш различни користам , и бест обавезно на 5,6 дена со тоа што не е многу јако растворено туку послабо бидејќи е почесто ....врнеживе и облациве допринесуваат вошки да фаќаат и мора често да се прскаат ептен се нежни одма ќе се исушат