Со Актара ги прскате петуниите или ги вадите? Неколку ми се расипаа, сега земав Актара ми рекоа на 10л се раствара но доколку е за прскање оваа е многу вода цело ке ми остане Но како и да е нека остане само да ги спасам тие што ги имам петунии
Можеш и да прскаш и да вадиш. Јас растворив во вода и ги навадив, така си делува системски, и знам дека ќе допре до секој дел од цвеќето. Со прскање ќе испуштиш некој дел, а може и цветот да се расипи.
Не знам за каква намена бараш ,ама има во џамбо во мали украсни вреќички @BoaVista од каде и по која цена хортениииве? Прекрасни се
Од една цвеќара од мојот град, розевата е ланска, оваа плаво/виолетовата ми е овогодишна. 480 денари ја земав.
Ги купи вака или ги засади од гранче? Имам пред зграда, ама не знам дали ќе се фатат во саксија, а многу ми се убави.