Вака ги купив, оваа големина и расцветани. Ги пресадив во поголема саксија. Таа розе боја што е, ланска е. Еве годинава пак си пушти, дури поубава е од лани. Сега да ве прашам пак за петуниите. Се измачив со нив, догодина ич и не купувам петунии, ама сега што можам да спасам. Од 5, останав на 3. Немаат вошки, ги прскам со Актара, и бест прихрана им ставам и едно за цветање, и против пепелница. Многу букнаа, се расцветаа, насабајле се прекрасни, али штом ги опече сонце (а од 1 па до 7 вечер се на сонце) е после стануваат жални врби. Кога ќе ставам вода се креваат, ама две еве ми отидоа. Среќа другиве се бујни, па дополнуваат празен простор. Вода сега на жештиниве им ставам два пати дневно. Еве какви се после 7, и листови и цветови како жални врби. И сега еве оваа ништо не ја оправа, како претходната која заврши еве вака Што е ова иствари, болест некоја, им смета сонце, малку вода, многу вода, ја стварно незнам што им е.
Баш!! Јас се заљубив. Башка што жута ми е омилена боја. Кажувај латинско име како да го најдам, попладне ќе одам до еден расадник да обновам кактуси, па да го побарам и ова. И дали сака сонце?
Ќе го побарам попладне обавезно. А како би знаела дека жуто ќе ми расцвета? Го има во повеќе бои или само таа боја е?
Само жолто цвета. Освен ако не ти увалат некој друг сукулент сличен Разгледај слики на интернет за да ти остане во глава како точно изгледа.
Aichryson laxum. Кај мене сонце го фаќа отсабајлечки само, не знам како ќе се однесува на целодневно пржење. Првпат ми цвета, од лани го имам зафатено од гранче, брзо се зафаќа. Е сега, има една работа околу цветањево, велат дека знае и да пропадне цело цвеќе откога ќе прецвета. Некои велат им преживува и понатаму. За секој случај си зафатив ново гранче, (без цвет) па ќе видам што ќе се случи со матичново после. Ќе пишам. Цветот преслатко изгледа, да си земеш ако најдеш.
Само жолто цвета, мене лани ми расцвета. @orevokrsacka мене ми пропадна лани после цветањето, едвај го спасив. Ама сега имам 3 нови од тоа, гранчиња што успеав да спасам и сите потераа одма, многу лесно се фаќаат. Ги подарив двете, а едното ми е пак големо. Не знам дали би го задржала цветот пак ако расвета, а баш ми е убаво.
А како зафаќате гранче? Може директно во земја или прво во вода дур пушти коренче? Во случај да го најдам попладне да знам.
кактус е ило нешто друго хахахха цвета не цвета? Едно знам иам мн боцки на прст и сега никако даги извадам како да ги средам нив.
Штом имаш боцки во прст...кактус Го имам дома, многу го сакам ама многу беља ми има направено зашто буквално ако го допреш одма остава боцки на кожа, облека... Земи пинцета и на дневна светлина едно по едно ќе вадиш. Не цвета, за жал, но расте многу во висина па од тежината може да почне да "паѓа", да виси од саксијата.
Кактус е. И јас многу го сакам овој најлесен е за чување, цела зима надвор ми стои. Вчера не најдов дрво на љубов, деновиве ќе проверам на други места. Најдов кактус со жути цветови како замена, бар изгледа дека жути ќе се. Туку го меркав сукулентов долго време ептен му имав мерак ама просторот ми е ограничен, а сукулентиве не сакаат директно сонце 8 часа. Го ставив под чадор и во сенка на босилекот, валда ќе преживее. Туку дечкото ми го смести во очигледно помала кутија и ја затворил па две врвчиња скршил, кога видов дома пиздев, ама маж нејќеше да ме врати назад. Ги боцнав во земјата и скршените мислите ќе се фатат? Знам дека сукулентите знаат и лесно да се зафатат ама да не е подобро во вода да ги стаев? Им стаив дохрана одма.
Првиот цвет прецвета. Ова е втор. Од сите 30тина кактуси што ги имам, овој дефинитивно има најубав цвет. Малово прв пат цвета за овие 2 години колку што го имам. Валда конечно му го погодив местото.
@Kitten Ушињава мислам цветаат, имам гледано и на инста слики. Оваа од гугл ми е. Имам и со бели, жолти и црвени боцки. И и јас се имам набоцкано едвај ги извадив боцките.
Да не има различни видови? Мојов од каде што го земав беше цела кофа од поликолор преполнета со кактусов, а го набљудував неколку години, не пушти цветови.
Хибискус, се уби од цветање, само многу кратко му трае цветот. Ама вади нон стоп нови пупки. Прекрасен цвет има.
Тешко цветаат. Бар кај нас. Цел ден сонце да ги фаќа мислам треба. Мојот цветал само еднаш, едно цветче и тоа лани или пред 2 години. Мајка вели само еднаш го имала видено расцветан.
Како го одгледуваш дрвото на љубовта? И како да зафатам повеќе од него? И за красулава како се одгледува? Се извинувам на многу прашања