На балкон во сенка летно време,еднаш неделно вода,зимоска во ладна и светла просторија. Лесно се зафаќа, кршиш гранче (без цвет да е ако цвета) и боцкаш во земја, и поливаш по малку водичка дури не се закорени убаво. И за красулата важат скоро истите работи како за дрвото на љубовта. Со тоа што јас и ја шишам еднаш годишно за да биде покомпактна. Пржење на целодневно сонце не сакаат ни двете, подобро на полусенка или сенка да си седат. Прихрана за сукуленти два - три пати годишно, немаат големи побарувања. Најбитно преку зима да не седи во топла соба, зошто ќе се издолжи стебленцето и нема да биде лично. Ако веќе ги чуваш и имаш прашање/проблем слободно прашај, ќе разменуваме искуства.
Дрвото на љубов ми е малку за греови, му паѓаат долните листови. Дадено ми е, па го зафакам сеуште А красулата мислам дека ке ја биде, можеби..
Па добро изгледаат, на дрвцето на љубовта му паѓаат ливчињата? Умерено вода и без јако сонце дури зацврсти. Земјата не дозволувај скрос да се исуши, зошто дури не формира убаво корења, му треба влага на површинскиот слој. Среќно и зелено нека тераат!
Леле колку се возбудив кога го видовцвеќето од моето детство. За жал го изгубивме,неможам да го најдам никаде. Кажи ми од каде е купено?
Старо е 15 години,беше на свекрва ми ама ми го подари оти многу го сакам..не знам каде може да се најде сега,единствено ако сме од ист град да ти пресадам од ова
Може малку повеќе инфо. околу неговото одгледување, каде го чуваш, сонце, вода исл? Да знам дали да си купам.
Преку лето на тераса источна страна, зимно време во негреана соба до прозор. Вода сега двапати неделно, прихрана неколку пати во теков на летово, на 2-3 недели отприлика. Расте како ползавец и го мотам на две бамбусни прачки. Ова време ми цвета, јули - август.
Оваков нема никаде, може со некоја пратка да донесат ама треба постојано да гледаш секаде, а земја за кактуси мислам дека имам видено во Брикилаж.
Еве ја уште еднаш мадам јасмин, не можев да не ги споделам беливе гроздови. Мирисот е опоен, рајски, божествен!
Здраво на сите. Цвеќиња ми станаа голема пасија последниве три години и би сакала за прв пат да споделам фотки од некои од моите бејбис Пилеата (десно) ја имам веќе 2 и пол години и само во последните 7-8 месеци има родено 10 бебиња. Еве некои што ми се останати и што растат и чекаат на свој нов дом.