zdr bi sakala da prasam za fiksuot gengen gledam deka vi e presaden vo saksija vo kakva zemja,dali vednas go posadivte otkako go kupivte i sto uslovi bara
Здраво, не се сеќавам точно колку ама неколку месеци си седеше во неговата саксија за да се навикнит на местото и на средината. Го чуваме дома ама во близина има прозорец за да добива светлина преку ден. Иначе земјата е мешана хумусна влажна и од нашата градина, а го вадиме само кога му е сува земјата во саксијата. Се надевам помогнав
Тие што одгледувате азалеи и мини ружи, може ли да ми кажете како ги чувате? Дв азалеи упропастив, и на двете мини ружи ми венеат цветовите и листовите. Пробав дома, надвор под сенка, под сонце, повлажна, посува земја, да ги напрскувам, па после не ги напрскував азалеите и никако не пркнуваат. И прихрана ставам, и течно железо, ни не бива и не бива.
Фикус џинсенг е едно од најсензитивните растенија кое бара редовно тимарење за да го одржи својот оригинален облик. Исто така е многу сензитивно на промени. Тоа се приметува кога ќе го донесеш самото растеније во домот. Веднаш ќе му паднат неколку листови. Исто така, ако го ставиш на една полица, гледај да остане на таа цело време, да не се мрда и поместува. Како што напоменав, сензитивно е на промени. А јас лично би го однела во некоја цвеќара да ми го пресадат, подобро знаат од мене, каква земја и во каква саксија да го посадат. Инаку е прекрасно растеније, кога условите се погодени е рај за очи. Го има на повеќе места. Јас едниот го купив од Меркур, имаше за 8ми март акција. Беше 400 ден, што искрено за таа сума никаде не можеш да го начекаш. Обично цената во просек е 700 ден, помалку или повеќе. И секогаш листовите и непожелните гранки сечи ги со остри ножици, стерилни, специјално наменети за растенија. Потоа местото на сеча е добро да се обработи со топен восок (ова важи за сите растенија, ако имаш приметено на бамбусите едниот врв е секогаш навосочен, оттаму и таа финта).
Лелелеее, јас мака мачев со 4 азалеи и сите ми се изумреа. А многу споро напредуваат, да знаеш. Толку се убави, ама многу се терсене за да погодиш што им треба. Веќе не купувам, а 2 ми беа подарок
Јас две си купив. Една на стапче како дрвце и др како грмушка. Ама не бива значи... А ептен ми се убави, незнам што треба да направам за да им погодам се
Преубави се азалеите Јас се утепав од прашување и читање како со нив и што нега им треба, ама ете, не успеав да ги спасам. Можеби ти ќе имаш повеќе среќа
Дали љубичиците изглегоа веке во продажба или не се уште? Ми треба поголема количина И дали сарделите веке ги подготвувате за зима или уште е рано
Сарделите уште цветаат, рано е за прибирање. Ако мислиш на подмладок, можеш сега да кршиш гранчиња од нив и да ги боцкаш во земја, за догодина да имаш нови сарделчиња.
Откако ја "преселив" во поголема саксија, новите ливчиња се светло-зелени. Се гледа разлика од постарите темно-зелени. Порано имаше и црвени рабови, сега како да избледнаа.. Некоја да имала слично искуство?
Се извинувам ако во погрешна тема пишувам. Пред некое време добив на подарок stapelia lepida, и видов дека пушта цветови но сега веќе недела дена или повеќе нема ништо. Што може да е? Како правилно да се одгледува? И ако може да ми препорачате квалитетна земја за пресадување, еднаш купивме една (не памтам која) и сите цвеќиња што ги пресадивме ни умреа.