Мало бушавче Ии од блиску... ливчињата се многу мали и нежни, а бојата е прекрасна зелена. Цвеќенцево се вика СРЕЌИЧКА Го добив од мојата мила стара тета... знам дека со љубов ми го подари Минатото лето помислив дека го изгубив, но зимава му посветив многу љубов... ии резултатот е бушава СРЕЌИЧКА
Хаворција. Не сака директна светлина, внимавај и со полевање не сака многу вода. Ако приметиш дека и белеат ливчињата смени и местото каде што стои, да не ја фаќа директно Сонце. Вода овој период доволно и е 1-2 пати месечно.
Истата ја имам, и јас не знам која врста е, а премногу ги има. Колку што имам читано се размножува со делење на коренот во март и април месец. Се пресадува еднаш годишно, а најдобро е во јуни или јули месец.
Може ли некој да ми каже како се вика ова цвеќе и кај може да го купам? Ава знам дека ти живееш у странство, затоа не прашувам од кај сте го набавиле
На Zamioculcas zamiifolia мислиш? Спојлер: ZZ Ова е каланхое. Обично 120-150 ден. се движи цената. Воопшто не е ретко. Би требало лесно да го најдеш. Има и со жолти, портокалови, бели и црвени цветови.
Практикувам да ги пресадувам најскоро што можам по купување. Обично за никаде им е супстратот и многу брзо умираат откако ќе ги купиш.
Тоа личи на вештачко. Можеш во саксија да ставиш земја и зрна пченица, па ќе добиеш такво нешто отприлика.
Благодарам. Изгледа дека е таа според сликите на интернет. А дали може да се размножи со пресекување на гранче или мора да се делат корените?