Само со делба на корен. За да можеш да размножуваш од гранче некое растение треба да има јазли (nodes) на дршките од листовите, како што има монстерата.
Како да си го спасам цвеќево, почнало да овенува? Сама си го купив од штедени пари за на прозор затоа ми е толку битно.. Го пикнав дома пошто почнаа пак минусни темп. Друго што можам да направам?
Ова е јаглика (примула). На сликава изгледа дека цветовите се сушат што е нормално. Отстрани ги исушените цветови и веднаш ќе има разлика во изгледот. Еве нешто повеќе околу негата на растението: https://homeguides.sfgate.com/care-potted-primrose-40762.html
Не ја залевај многу со вода, ниту пак на топло. Затоа ти е таква затоа што си ја ставила дома. Нека биде само во ладна просторија ама мора да има светлина и како што ти кажаа извади ги расипаните цветови.
Фала Не, само вода им ставам на 3 дена. На сонце се и многу им годи местото но и брзо се сушат. Пред една година ми се јави оваа љубов кон кактусите, но навистина се лесни за чување ама посебно убави.