Како да ги спасам цвекињата од вошки? Секоја година фаќаат и го уништуваат цвеќето од едното цвеќе преминуваат на друго.
Бубче, немам многу искуство со бегонии, ама прво нешто на што би обратила внимание е дали е презаситено со јака/честа прихрана или многу вода? Најчесто во овие два случаи цвеќето реагира со сушење или појава на флеки. Бегонијата во принцип, не сака пречесто наводнување како и целодневна изложеност на сонце, и сака проветрено место. Ако овие работи се како што треба а бегонијата упорно се суши, земи еден-два листа и оди во земјоделска аптека, ќе знаат да проценат од што страда ( кај цвеќињата има освен пепелница, гливични и и вирусни заболувања) и да ти препорачаат препарат.
Оооо јас па скоро секој ден му ставам вода. На шарена сенка ми е , не го пече директно сонце баш. Ќе намалам со наводнување па белким ќе го оправам Фала ти
Вода ставај кога површинскиот слој земја ќе се засуши. Ова ми е правило скоро за секое саксиско цвеќе. Ќе се оправи, ќе видиш.
Превадено ти е а и треба редовно да ги отстрануваш исушените и расипани цветови. Не треба да е директно на сонце. Не ставај вода одозгора туку доколку има корења одоздола во некоја чинија.