Фала Не, не им ставам, на прозор ми стојат, внимавам на светлината и кога се суви веднаш водичка им ставам, и секогаш кога има суви цветчиња ги вадам, и еве убаво си цветаат секоја година
Дрво на Љубовта Лани по прецветувањето ми пропадна, ама пред да почне со формирање пупки скинав гранче и го зафатив. Годинава не очекував дека воопшто ќе цвета, бидејќи ми се виде некако малечко. Ама му се цветало, и ме испревари Не успеав да пресадам гранче навреме, па догодина ќе барам ново.
Гледам тука прекраснотии од цвеќиња, па да прашам. Сакам да почнам да си одгледувам по некое собно цвеќенце. Незнам дали знаете дека цвеќињата го подобруваат не само физичкото туку и психичкото здравје. Арно ама немам никакво искуство. Што би препорачале за лаик како мене? Ми се допаѓа многу азалеа, дрвото на љубовта, дрво на животот и гардениа. Што би ми препорачале, само да не биде кактус.
Само немој гарденија, прекомплицирана е. Можеш Дрво на животот, фикус, шефлера, адам, филадендрон.. А од тие цветните во собни услови нека сподели некој друг искуство,кај мене нема такви по дома.
Мене пак цветните некако повеќе ми се допаѓаат, ама покомплицирани се изгледа. Мислам ќе земам дрво на љубовта и бонсаи за почеток. Секој совет е добредојден, благодарам однапред и пуштајте повеќе слики, некоја желба одеднаж ми дојде за цвеќиња а никогаш не сум била некој фан.
Гарденијата е позната како растение што е тешко за одгледување. Не е за почетници. Полесни за одгледување се: Спојлер: Dracaena Спојлер: Pothos Golden pothos Neon pothos Спојлер: Philodendron micans Спојлер: Aglaonema Спојлер: Anthurium Спојлер: African violet Спојлер: Jasmin