Ми пораснаа моите цветулиња, откако ги зедов, мн се радувам. Ќе стаам некоја слика, вие што се разбирате повеќе во цвеќе ве замолувам ако приметите нешто што не е ок, веднаш да ми пишете, благодарам однапред. Еве ги моите први цвеќе љубовчиња.
Може нешто повеќе околу одгледувањето на Pilea? Неколку пати се обидував да одгледувам, ама неуспешно.
Не бара посебни услови, во зима ги чувам дома, во топла просторија, во лето се надвор цело време, на место каде има сенка, не сакаат директно да се изложени на сонце. Со вода ги полевам скоро секој втор ден. Не му турам никаква прихрана, ама пожелно е (никогаш не сум користела). Лесно се разможува. Спојлер Имав стара пилеа, почнаа да и се сушат лисјата, го пресеков горнио дел со лисја, за 3, 4 месеци пушти нови гранчина (си бараат трпение и чекање цвеќината ), ги оставив скоро година дена на старото стебло. Откако ја достигнаа големината ги одцепив од старото стебло и ги ртев. (Откако ги одцепив гранчината, повторно пушти 3 нови, од нив само 1 успеав да изртам, другите ми скапаа, а стариот корен скроз се исуши ) Могу брзо пуштаат корен, можиш веднаш да ги садиш. Ова е старата пилеа што ја имав, еве како пушти нови гранчина. Овие се тие што ги ртев.
Предлог за некое цвеќе што не сака сонце? Сакам да пополнам еден ќош во дневна кај што не фаќа сонце ич.
Ти благодарам на одговорот. А како растат овие? Колку што видов на слики не се баш високи. Високо сакам некое да ми пополни место имам бајаги
Dracaena расте како дрво, има многу различни видови. Zz, Sansevieria исто така можат да пораснат прилично големи. Последните две (Pothos,Scindapsus) се ползавци, ама може да растат и нагоре ако имаат соодветна потпора и така вадат поголеми листови. Pothos што расте на потпора имаше во Бриколаж ако сакаш да си купиш готово, да не го средуваш ти. Не знам колкав буџет имаш. Големите примероци може да бидат прилично скапи.
@Toxic2020 имаш моќ за запазување на нешто посебно Сарделава е навистина посебна... во семејството ја имаме најрано од 50-тите години на минатиот век. Свекрва ми ја наследила од нејзината свекрва... и еве со генерации успеваме да ја одржиме во нашите дворови. Цветот и се разликува од сите сардели и навистина е прекрасен. ПС Со задоволство би ти дала коренче... контактирај ме на пролет во ЛП
Ставено е на спротивна страна од прозорците, вода 1 неделно и оросување на два три дена, бидејќи со клима лете зиме сум, воздухот е сув. Ништо посебно не правам, ја зедов август мислам ама брзо напредната со замијата, а и ова од колешката брзо ми порасна.