Истото го правам и јас....плус додавам 2 пати годишно потхрана за палми,ама нешто изгледа не и одговара ... Еве го моето, кога го купив беше малку помало од сега
Моментално мислам вода му фали зошто листовите се надоле. Друго мислам овие растат до оваа големина затоа стагнира во раст. Не сум баш сигурна, нека те посветуваат поискусните членки, јас од скоро почнав со цвеќињата. Вака ок ми изгледаат, шо знам.
Што и да правам ,листовите му висат надолу... можно е и веќе да си ја има достигнато максималната висина ..сепак фала ти
Кога го добив цвеќенцево на подарок ми рекоа дека се вика Митровденче затоа што цвета во почетокот на ноември т.е околу празникот Св. Димитрија... и навистина, расцвета вчера со прекрасни нежни розеви цветчиња
Ќе се исуши откако ќе прецвета и на пролет ќе пушти нови израстоци од коренот. Да знаеш да не го фрлиш.
АДАМ Овој АДАМ има интересна приказна... Свекрва ми е голем љубител на цвеќиња. Кога се земавме со мм дневната соба и скалите во куќата личеа на прашума Имаше фикуси, филадендрони, бенџамини, адами... огромни, цели дрва високи до плафон. Ноо со текот на годините интересот за нив спласна, полека угинаа и беа заменети со други украсни растенија Ии така се до минатата година... Во едно буре полно со хумусна земја собирана од саксии имав оставено луковици. Пролетта ги засадив во двор ии чудо, од една луковица израсна АДАМ. Најверојатно 20+ години бил во земјата и сега се "разбудил". Го засадив во саксија и ова лето го красеше дворот со своите прекрасни огромни листови Ова е за рубриката верувале или не... АДАМОТ живеел притаено повеќе од 20 години
Оф топик ама морам да прашам. Од кај ти се овие украсиве за саксиите? Мислам на печурките, бубамарите и другите работи.