Преубави се! Таа на првата слика изгледа е самоубиец. Од средината на круната е излезена цветната гранка?
Јас поима немам од цвеќиња Оваа ја купив во декември и уште цвета. Другите 3 ги имам 3+ години, цветаат по 3ти или 4ти пат. Баш загледав, сите излегуваат на таков начин
Таквите орхидеи можат да пуштаат секундарни гранки и да цветаат ама ќе умрат кога-тогаш затоа што не можат да растат нови листови. Често пуштаат кеики (бебе орхидеја). Побарај terminal spike phalaenopsis orchid ако сакаш да прочиташ нешто повеќе.
Фото дамп Бебињата, се надевам ќе си живнат другите се' уште се семиња Ако ги поднаучив кое е кое : Љубичица 2. Каранфилчиња (или што ми вика градинарскава апликација, carnation) Вербена Пркос (moss rose) Рузмарин, темјан, лаванда и босилек Во сенка чекаат есен хризантемата и дивата љубичица а со зелкава не знам што правиме Бејби чувар куќа и бејби алое И знае ли некој како се викаат овие две?
Мене на Haworthia ми личи тоа, не на алое. Ѕирни слики на гугл. Оние зелките за јадење што се, вака се издолжуваат кога се спремаат да пуштат цвет и семе. Ваљда истото важи и за украсниве... Од тие последните, првото мислам дека е кампанула. Може да биде со бел, виолетов или розов цвет. Многу се убави. Второто не знам.
Тоа ми рекоа дека е, а јас поима немам баш ќе разгледам. Апликацијава вика lace aloe На мајка ми и' дадов една зелка украсна, богами како дрвце порасна, и цвеќиња има жолти. Може ќе стане за јадење на крај Последниве ми ги даде баба ми вака во саксија, ни таа не знае како се викаат, само исто ми рече многу убаво цветале и не мрзнеле на зима
Стварно е алое. Сега прочепкав и многу луѓе прво мислат дека е Хавортиа. Баш личи. Некаде прочитав дека може да е и хибрид од двете. Ќе бараме според цвет кое е на втората слика кога ќе расцвета.
Нови сардели Спојлер 2ри по ред Спојлер Сардели Чекам да подпораснат, па да ги пресадам. Малку касно ги посеав оваа пролет. - Ланските пресадени, но се уште не ми се изнесени надвор, малку нестабилна е климава.