Здраво, на последнава слики бонбончињава се преубави. Јас земав ги насадив ама ми раснат повисоко и се сушат брзо...секој ден ги наводенувам ама брзо ми прецветуваат...некој совет ☺️
Секој ден ли? Јас им ја фаќам земјата ако е влажна не ги вадам, или треба секојдневно. И мене како на членката ми се сушат и растат високо а немаат нешто цветови да речеш.
Секој ден ги вадам навечер само. Ама само тие на последната слика што се, тие скоро цело време сонце ги фаќа можеби и тоа има врска. На првата слика не ги фаќа сонце и не ги вадам толку често, ама се гледа разликата дека тие не се толку расцветани како тие на последната слика. Тие сум ги објавила одамна, ама сеуште се полни со цветови.
Незнаев кај да прашам, овде ќе ставам слика.... Цвеќево ми го подари комшиката ама незнае како се вика? Сакам внатре да го чувам, собно ли е? Светлина, топлина, вода?
Мене ми личи на Шефлера (Schefflera). Мајка ми во пролет/лето ја вади надвор, во зима е внатре. За одгледување некој поискусен нека сподели оти мене двапати до сега ми умира. Изгледа премногу вода и ставав. Твојава е баш убава.
Преубава шефлера. Собно е, сака светло место без директно сонце (или само кратка директна изложеност на сончеви зраци), вода умерено, јас и ставам еднаш на две недели. Не бара посебно тинтрање, може повремено фајтање на листовите со вода, а многу е декоративно. Зимно време нека биде подалеку од грејно тело.