Ова на втората слика кај нас го викаат дрво на парите, како ти успеа толку големо да го пораснеш? Многу е убаво кај тебе. Кај мене не знам што им правам ама за кратко време се расипува, се откажав да го купувам. Што услови сака?
Да, дрво на парите е. Го имам 9 години веќе. Летно време на тераса на источна страна, зимно време во негреан светларник. Значи, во собни услови не е чувано. Ако ти е во соба зимно време, обавезно ќе пропадне или ќе ја изгуби формата. Комбинацијата на топла просторија со недоволната зимска светлина го прават тоа, без оглед што може и до прозор да ти стои. Исто, секоја година го шишам (февруари или март) за да ја задржам компактната форма. Сакам да биде такво како бонсаи дрвце, ако го пуштам "слободен стил" ќе отиде во висина. Вода ставам кога површинскиот дел од земјата е убаво исушена, прихрана ретко, 1-2годишно, ако се сетам кога им ставам на другите цвеќиња.
Мене ми е така во висина пораснато и ми е страв дека ќе се скрши. Дали сега можам да го пресечам горниот дел и да го засадам во истата саксија?
Мислиш на ползавецот, тоа е сребрена дихондра. Повеќегодишна е, зимно време внатре ја чувам зошто мрзне, декоративна е и оди во комбинација и со други цвеќиња во саксија. Фала А си ја нашла таа убавата детелинка, супер изгледа, што значи и местото и е погодено.