Здраво. Ве молам некој искусен одгледувач на сардели да ми даде совет како да ги чувам сарделите зимава. Дали да ги скратам сега или на пролет? Во саксија или во кеси да ги чувам? Сешто прочитав и не знам што е паметно.
Скрати ги сега, нека си бидат во саксии, и чувај ги на ладно и светло место, ако ти дозволуваат условите. Сарделите сакаат обновување на 2-3години, зошто стеблото им се здебелува и деформира, и лошо изгледа сарделата во целина. Затоа секоја втора или трета година во рана есен, кршам млади гранчиња од нив и ги засадувам во саксии. Таман до пролет ќе потераат и добивам ново цвеќе. Тоа е мојот начин за одгледување сардели.
Така и направив. Не дочекав одговор ги прибрав попладнево бидејќи ќе патуваме па реков ќе ризикувам и ќе ги скратам. Во право сте за стаблото. Јас ги купив оваа пролет ама изгледа не биле годинашни млади корени па веќе се задебелени. А може и дека многу цвет имаа па цело време ги поткршував исушените.. Ако поминат добро зимава ќе извадам нови следна есен. Дали новите гранчиња ги садите само со боцкање во земја или ги ставате да ртат претходно? Ви благодарам на одговорот.
Само ги боцкам во земја. Обично во септември, кога не е ни претопло ни преладно. Можеш и на пролет, негде во април кога ќе призатопли.
Може некој што чува красула да ми помогне. Читав по нет а и општо така за секој цвет знам дека доколку е мокра земјата не го поливам....на мојата красула еве веќе 3недели како е купена мокра и е земјата во саксијата..... Што да правам?