Мене компирчето ми скапа, ја исеков гранката и ја ставив во вода. Не е скапана, листовите се зелени. Не знам дали да ја чекам или листовиве да ги ртам. Во каква чашка ги ставаш листовите за ртење? Колку често менуваш вода?
@CameliaMiller @Natali.3 Ви се убацувам во муабетот, јас два пати имам изртено и обично ZZ и ZZ Raven од исечена гранка. Само биди спремна, it takes ages, but it works eventually Не сум пробала со ливчиња, мислам дека е побрзо, така во гарден центри најчесто ги размножуваат.
Компирите скапуваат од премногу вода. Еднаш месечно вода е доволно и да ја заборавиш не е проблем. Никогаш не сум ртела гранка, но пробај. Иначе ливче го кинам и во чаше ракиено го ставам. Полнам вода од прилика гранчето на ливчето да е во вода, а само надополнувам вода, никогаш не менувам, иначе сум ртела за други и имаше напредок. Би ти рекла да откиниш едно ливче и да пробаш да го изртиш, гранката и неа ртиа, па ке видиш дали ке има напредок.
Кујнските билки Новото бебе спатифилум Криво ми е што не зедов уште 2. Мандаринката почнува да румени и цвета.
Здраво , Сакам да ве замолам за совет ?! Добив Каланхое за подарок, читав на интернет за него , ама би сакала да ве прашам од искуство, кои услови ги бара ? И дали веднаш да го предадам во саксија? И дали треба во поголема или мала саксија да го предадам?
Пресади го во малку поголема саксија од сегашната, и стави го на светло место, подалеку од грејно тело.
Магдонос пробувам 3ти пат да насадам, до сега на балкон и во земја директно, на ништо не личеше и муши ми се ствараа. Сам во себе се мота некако доле, не знам да објаснам. Затоа сега пробав вака во овие, кога ќе порасне да не треба да го пипам коренот него директно сосе картонскиве се сади Босилек прв пат семе сега, обично малечки земам па после дрва растам (и ситен и крупен), декоративни ми се и миризливи, понекогаш ги јадам И темјан исто прв пат сега. Не сум нашла ич магдонос, темјан и мајчина душица расад, не би се стресувала вака Иначе на прозор се, не ги пече сонце ама има светлина
Успевате ли да ви процветаат пак? Јас ги исеков нели до членче, ама после ми се разболеа, не доживеав да процветаат пак
Јас имам 3-4 долгнавести саксии со нив, неколку годишни се веќе, од мајка ми зачувани. Секоја година си цветаат.
Да, да, си цвета секоја година, ама формата се изгуби иако ги кратам, стеблото се задебелува и се витка. Не се баш лични по неколку години, да не ти е мака.
Од каде се картонскиве, колку се? Би пробала вака со семиња цвеќе... Магдонос мене ми нема утка во земја на викендиче, не можам да го сопрам и зимава ми преживеа И во домашни услови ми нема гајле, во долгнавеста саксија. Семе од Меркур купувам. Да не нема простор да се шири во округла и кај @Yowannty да не е истиот проблем.
Во никаква саксија до сега семе не ми успеало, нова надеж е ова Иначе и семето и картонските се од Меркур, баш под семето стојат.