Многу убави цвеќиња се изнагледав во темава Кај нас двете тераси се преполни со саксии, татко ми ги сади, а за наводнување сме задолжени сите Сликнав тук-таму за во темава Не се цвеќиња, ама фикуси многу сакам и еден од овие најверојатно ќе си го земам за на работа
Кооонечно ми расцвета минијатурната сардела... Минатата зима се изнамачив да ја одржам во живот, имаше претенко стебленце и само две ливчиња!!!
На мајка ми. И ова, пред некој ден и’ го купив, ама заборавив да прашам како се вика и како се одржува. Ако некој знае, нека сподели да не се срамам во цвеќарата да прашувам.
Секое цвеќе своја приказна Прашувај слободно за било кое цвеќе, јас верувам дека на девојките што го имаат тоа свеќе нема да им биде тешко да советуваат. Еве мене ептен ми требаат совети за кактуси, имам еден куп мали ама никако да пркнат. Разбрав дека стануваат мрзливи ако се насадени во хумус. Каква земја да им земам да ги пресадам? Знам само на дното да им ставам камчиња ради дренажа. Ај деновиве ќе ги сликнам и јас моите собни цвеќиња.
Каде да најдам од оние широки и плитки саксии, ко за бонсаи? Инаку, имав бонсаи, ама ми умре... пред некој ден го фрлив и си поплакав. Сега сум во потрага по друго, ама морам да му најдам и таква саксија, а не сум сретнала по цвеќарите.
@anakonda88 преубави кактуси имаш,би сакала да ми дадеш од некое и коренче Само имам забелешка ,премногу запуштени ми изгледаат,со треви низ нив,пресади ги исчисти ги ,откини им ги оние вишокот да терат поубаво иначе прекрасни се @Umbrella22 Ја пратам кактусарница редовно од неа и учам а уште ништо немам си нарачано од таму. Работата само со нарачки и директно достава а на невидено некако не ми се зема