Да не и е претопло??? Мојата крадула цела зима стои во соба во која не грееме, ја наводнувам на 10 дена и супер е. Ќе ти пратам слика за кратко да видиш како изгледа. Некогаш е светло а некогаш темно во собата, во зависност од ролетните.
Можеби е тоа бидејќи ја чувам во соба каде што грееме.. ќе ја преместам сега можеби ќе се опорави.. Моево е помало, а и лисјата му се слаби, не се како здебелени
Од една жена ја најдов на фејс https://www.facebook.com/kupicvet?mibextid=ZbWKwL ако видите било каде било каква детелина / oxalis кажувајте. Виолетовата уште ми е "бебе" би купила порасната
Да, и мене ми изгледа дека земјата не и одговара, и не е лошо да и ставиш и водичка, делува жедно. Пресади ја во порастресита земја, може и број помала саксија, и стави ја на посветло место, по можност најдалеку од грејно тело. Красулите преку зима сакаат ладна просторија со што повеќе светлина. Ако ги немаат овие услови, се тегнат во висина и ја губат компактноста, и често ги губат листовите. Многу е тешко, скоро невозможно да и се погодат условите во соба каде што се грее. Мојата красула соба не видела, зиме е во негреан светларник, летоска на балкон. Ама затоа расте складно, без големо растојание меѓу членчињата (парот ливчиња).
Фала ти, ќе ја пресадам и ќе го променам местото, па за брзо мислам и на балкон ќе можам да ја извадам. А дали орхидеја можам да чувам во ходник, но без воопшто сончева светлина?
На балкон вадам средина на април, кога ќе мине опасноста од минусни температури. За орхидеи слабо знам, ама без ич сончева светлина, тешко. Има членки на кои супер им идат орхидеите, ќе дадат совет.
Ништо не ти успева без воопшто светлина. За во просторија каде што немаш природно светло, треба да купиш посебни лед сијалици, кај нас поима немам кај се продаваат, ги има на алиекспрес, амазон.
Која е од прилика температурата во светларникот? Јас немам таква опција (ладна соба) и затоа за жалење ми е красулата, гледам упорно пушта ливчиња и ми е жал да ја фрлам. Ќе ја ставам на балкон секако деновиве, ама зимоска не знам што да и' правам.
Па што знам, не паѓа под 7-8 степени во просечно ладна зима. Значи просечна темп. 12-13 степени. Да, ако си во стан тешко услови за красула. Некои гледам ставаат по ходници во зграда да им презимат некои цвеќиња, ако имаат природна светлина. Ако ти е покриена терасата, извади ја следниот викенд, нема да има гајле.
Покриена е. Се мислам зимоска да ја покријам со дебел најлон проѕирен во ќош на тераса. Да не е на "удар", а топлина колку добие од станов... Комшиката имаше во влез растенија зимоска, и' ги испокрадоа
Со што да ги избришам листовоте од фикусот да светат Имам прочитано со пиво ама не знам во пракса како би било
Да, коренот веќе убаво и' излегува од саксија. Малку поголема саксија и обавезно со дренажни дупки. Јас ги бришам сите растенија (нели, зелениве) со обична вода на крпче за прашина или обична кујнска крпа влажна, после ги прскам со ова Само гледам да не е почесто од месечно и не ги "бањам" Иначе џабе се' останато, не само прашина и од што ги прскам за влажност им останува бело, дека вода од чешма. . . . Јас прашање имам за спатифулумот, тотално се мачеше 1 година скоро во земја, сто земји му сменив, го шетав по стан да му најдам убаво место, очаен беше. Конечно го шибнав во чаша со вода дур смислам што да му правам, ене го оживеа, бебиња има. Е арно ќе го чувам во вода, ама каква прихрана да му ставам? Може од оваа течнава за зелени што ја ставам на останатите?
Го гледав во Кам, но не го зедов. Ако го зеде од таму, можеш да ми кажеш колку беше? И некој ако знае како се одгледува, вака ми изгледа дека не сака многу сонце
Да од Кам е, го платив 69 денари.Да ако може се да ни кажат и како се одгледува и како се вика хахаха.