Може да грешам, мене ми личи на драцена некоја. Немаше налепница на неа? Ако драцена сака светло ама не на прозор да ја чуваш, така поиндиректно. Остави да и' се исуши земјата барем 2-3 прста па вода. Не ја сади во мн голема саксија за да има можност земјата да се суши. Јас лично немам среќа со обичната земја, мислам "наменска", сама дома ја домешувам со супстрат за орхидеи, кокосови влакна, перлит... иначе е прегуста и споро ми се суши внатре.
Има налепница но не пишува кое цвеќе е.Да си погодила @wannaBeMomma ми кажа за таа апликација и ми изезе Корн Плант Драцена.А јас сакав да биде Сансевериа дека меркам кај комшиката има голема на прозор и мислев дека е тоа .Ти баш се трудиш околу цвеќињата и многу убави цвеќиња имаш.Од каде купуваш кокосови влакна и перлит?
Кокосови влакна имам земено од Плантопија, а иначе перлит се наоѓа полесно, го има по земјоделски аптеки. Убави сансеверии повеќе видови имаш во Грин Гарден - Драчево.
Да еве баш ги гледам кај нив колку убави се.Ваква голема има комшиката и секој ден ја гледам .Јас многу сакам цвеќиња, ама они мене не ме сакаат ми умираат не знам да се грижам добро за нив.Би сакала да имам секакви мала џунгла да направам. Имам земено Спатифилијум и како во депресија да е му се спуштаат листовите и кога ќе му ставам вода хооп се креваат листовите .
Спатифулум е најжедното растение кое го имам, во земја ми беше очајно, само во вода го чувам сега Растенијата ни умираат најчесто од премногу вода Фатална љубов Се борам со потребата да ги вадам постојано, научив да брцам прст во земја. Сите што ги убив, ги убив од што скапаа во мокра земја. Ама така се учи
Како во вода си го извадила скроз од земја и во некоја вазна со вода така го чуваш?Не скапува ли така и колку може така да издржи?За орхидеи сум видела дека има така што ги чуваат ама за спатифилијум од тебе читам прв пат не сум истражувала .За прихрана што му ставаш и на колку време?Извини многу што те замарам.
Може засекогаш во вода, ако му погодиш прихрана. Моево е сега уште чопаво, дека корените му гу испосеков, беа скапани доста. Иначе да, вадиш од земја, миеш највеќе што можеш коренот, сечеш се' што е скапано (дури и сите ако треба, ќе им никнат нови), ставаш во вода/вазна (без лисјата), и така си живее. По светов има посебни прихрани за така чувани растенија, кај нас не знам каде да најдам. Инаку со редовно менување на водата (а сакаат во принцип дестилирана, јас конкретно само на спатифулумот превриена оладена му ставам) немаат гајле засекогаш Мојов скоро немаше корен, ова е за цц 2 недели.
Машала .Алал да ти е ти си кралица на цвеќињата.Баба ми покојна многу цвеќиња имаше ама таа секое утро ќе им зборуваше дали од тоа исто напредуваа не знам .Ај баш ќе купам стаклена вазна и некогаш ќе му пробам така.
Супер ти изгледа сега, не го чепкај Кога ќе си ја надрасне саксијата, секако ќе мораш да го раздвоиш, ќе извадиш дел од него и пробај тогаш Не сум кралица ич, ептен тазе сум и јас, ама толку ми е мака кога ќе умрам некое, се убивам од читање
Јас многу имам умрено дури и кактуси.На една орхидеја колку експерименти и операција и правев следното утро маж ми ја џитна веќе не можеше од мои експерименти хахахаа.После ич не купував долг период.Ама сега кога ти ги гледам твоите цвеќиња и јас сакам да имам така убави,да им се радувам.Ако треба и ќе им пеам само да не ми умрат .
За кактус совет.. заборави го Вода убаво ама убаво низ дренажни дупки да истече еднаш во месец, па и повеќе Тоа е рецептот мој Им ставам и гел еден, ама само на лето, на сонце надвор кога ги печам
А како мешате земја? Прво од тоа да почнам Јас имав земено од тие во вреќи што се, си ставив во саксија и толку хаха
За тие на балкон не мешам, за тие внатре да. Затоа што не сум нашла земја што не се згуснува премногу, па не се суши доволно брзо и ги "гуши" корените. Вака со "разредување" (од око) имам далеку подобри резултати, почесто треба да вадам ама тоа не е лоша работа Едит: највеќе ми се погодува обичен тресет од локална продавничка, овие Валентин, Флорабела итн. ни една не ми се погодила искрено. За салонски растенија земјата треба да е баш пропусна и растресита, кога купувате ново растение баш видете во каков супстрат го добивате. Се обидувам да го "рекреирам" супстратот во кој сум го купила растенито. И кога прв пат пресадувам, гледам што помалку да го растурам тој супстрат, само малце ослободувам корења и пресадувам. Исто често ставам и супстрат за орхидеи, затоа што остава воздушни "дупки" и непречен проток на вода. Сите растенија салонски ги вадам директно на чешма, да им истече убаво водата низ дренажни дупки, па ги враќам во украсни саксии.
Ај и некоја сликичка да ставам Жолтава љубичица е збесната, мисли дека е грмушка и им смета на сите околу
Знам дека така треба, немам каде да ја чувам, се плашам дека поплава ќе најдам од мачкиве Оти нели отворено треба да е шишето. Затоа за спатифулумот превривам и оставам да се олади, ама не ми треба само за него многу.