Вајгела. Мислам дека се зафаќа со гранче боцнато во земја. Ја имам во двор, полна е цвет, допрва ќе отвора.
И мене ме интересира дали некој знае како да го заштитам босилчето од вошки? Дома го чував и ми фати вошки, па го џитнав и вчера купив ново. Како да превенирам пак да не ми се случи истото?!
Ги нафлитав со веќе спремен раствор, од комшиката позајмив. Не знам име на препаратот, ама од земјоделска аптека е купено. Се оправија.
Ова зезнато оти го јадеме нели. Јас имам среќа со босилециве, освен да го измиеш убаво дури и со мало количество алкохол раствор со вода (80 вода, 20 алкохол) и да го пресадиш, друго чаре не знам...
Раствор со сода бикарбона да пробате. Последно читав коприва да стои во вода 2-3 дена па со неа да се испрскаат, но немам пробано. Јас за трендафилите во двор средство од земјоделска земам. Да не сум ептен оффтопик еве последно што имам чкапнато. @popins Ете ја вајгелата, последната слика во колажот е на почеток какви се и после сами си менуваат, некое розево, некое потемно розево некои остануваат бели.
Мене монстерите ми фатија, направив раствор со сода и оцет и вода, успешна мисија беше, соодносот од око.
Се раширија сарделите Еве и кактусот до каде е Ново во колекцијата, темјанче Имам и две нови бебиња ползавци, нека пораснат па ќе се пофалам
Dali lilakovoto cveke e kampula t.e 2ta slika ? Ke mozes da mi kazes kako go odgleduvas jas imam zasadiv vo saksija,i samo so humis bez zemja -edvaj cekam da prkne