Na takvo mesto kade sto ima mnogu sonce moze da ti uspee samo sardela I Vinki drugo tesko,a I bonboncinja
Слободно нема да ти угинат ти гарантирам,само сакаат мн вода да знаеш ако си во можност насабајле и навечер вади ги
Само мораш да си купиш и некоја прихрана обавезно,имаш во земјоделска аптека.Секое цвеќе со цвет си бара прихрана. Има течност и се раствора во вода а има и едни стапчиња и се ставаат директно во земја
Цвеќето има некои бубачки мали и ми ги јадат листовите, а едно дрвце што го имам фатило исто бубачки и нешто бело. Кажете спас, што да правам со што да испрскам,?
Мрави и вошки и пепелница има на првото (каланхое ми личи дека е). Второто исто со вошки ми личи дека е. Во земјоделска аптека купи препарат против пепелница и вошки и испрскај. Најдобро земи скини едно ливче од каланхоето и нека ти кажат како да третираш.
Ајде женски помош. Вие што имате апликација за препознавање, (мојата морав да ја избришам) или го знаете името на цвеќево: Го купив пред месец ипол од пазар, продавачката не беше тука, ја менуваше комшиката од соседната тезга. Рече не цветало, и не му знаеше име. Ми требаше вакво ползавче за едно ќоше на тераса, каде што не го фаќа сонце ама ич. Ливчињата му се месести, бојата на цветот е поцрвена во живо.
Ако не се лажам, ова е морска/јадранска сардела. Лесна за одржување, сака и сонце и шарена сенка, вода може, а и не мора Брзо шири, убава е и во висечка саксија, а и во класична жардиниера. Повеќегодишна е и лесно се зафаќа. Кршиш гранче, брцаш во земја и тоа е тоа, обично на есен или на пролет. Зиме внимавај ептен минусни тт да не ја фатат, да не замрзне. Ја има и со зелено бели ливчиња.
Изгледа е тоа,благодарам Пупица. Ќе треба да и најдам посончево место значи. Пак ќошот празен ќе биде.
Малку цветчиња од двор Мини ружички Воденки Петунии Менѓушка Невестински венец Детелинка И тревата ми расцвета