Индиски јоргован... оваа година прв расцвета овој на тераса, другите два засадени во двор сеуште немаат ни пупки, амаа пораснаа најмалку 50 сантиметри
Во оваа тема еднаш барав совет како да си ги одржам цвеќињата кога не сум дома. И ставив шишиња вода со мало дупче на тапа наопаку свртено во земја. Така ми издржаа 7,8 дена и земјата беше влажна кога се вратив. Пред да и ставам шишиња убаво ги навадив. Ова во периодот кога беше најмногу топло. Од сега ќе знам здравје за секоја година вака. Можеби на некој ќе му се најде кога ќе има потреба
Прва година имам морска сардела... Насадена ми е во издлабено стебло од дрво. Дали е отпорна на нашата зимска клима или ке морам да ја засолнам на потопло?
Благодарам @orevokrsacka И јас исто мислам. Девојката што ми ја даде ми рече дека и презимила на тераса, но минатата зима немаше силни мразеви... ке си ја внесам внатре
Не трпи зими како нашиве со согурност. Мајка ми ја имаше, само не знам што се случи и и угина. А убава е ептен, како пластично цвеќе е.
Ја имам шефлерава година дена, ја пресадив и супер си растеше. Ама некако месец дена како и паѓаат ливчињата, горните и жолтеат, венеат... И ставам вода на недела, две зависи колку е сува почвата и повремено ги прскам ливчињата.. Што може да е, многу или малку вода, каде грешам..
Да не ти е на топло Таа сака поладно, поретко наводнување и шарена сенка Мене на зима така ми е, жолтее и венее зошто ја чувам на светлина ама на потопло. Спојлер: .. Ми е страв да ја скратам, а висока е Ако знае некој…
Има каде да истекува водата од саксија? Да не е премногу влажна земјата, знае од тоа да и паѓаат листовите. Провери и вошки да не фатила, тогаш листовите се лепливи и паѓаат. Стави ја на најсветло место, само да не биде директно под удар на клима или друго грејно тело.
Слободно скрати ја шефлерата, ќе се згусне. Моите ги кратам и супер си тераат. Иако и вака е многу убава, јас сепак би ја сецнала.
Да, да направив повеќе дупки на саксијата.. Мислам дека во најжешкиот период не ја наводнував доволно.... И сега не знам што е правилно... Не е под, до грејно тело, позади источна балконска врата е, има светлина, но не директна.. Леле @Kris80 ама ти е најубавата... Браво