Пазено, мазено како што треба. Вода не бара многу, му ставам коа треба. Веќе 3 години го имам, прв пат вака му се случува.
Ако не исечи ги уништените, пробај и на поситни делчиња еден исецкај и 'рти ги на најлонска фолија избоцкани. Така имам гледано, инаку не сум пробала. Се надевам ќе се оправи, а и ќе имаш нови бебиња ако решиш да ги 'ртиш.
Некој што повеќе се разбира да ми каже зошто цвеќево никако не ми расте во висина? Го имам точно една година и нема ич пораснато.
Здраво, Јас да прашам Сакам да посадам Сансеверија во оваа саксија , па не знам дали ова (подоле на слика) нешто како песок (каменчиња), ќе смета за цвеќето или да го истурам ? Бидејќи првпат купувам ваква саксија (и првпат гледам) ,па да не утнам бидејќи многу го сакам тоа цвеќе , а некако не ми успеваат многу.
Здраво женски не можев да најдам баш тема за ова, па затоа овде. Почнав да се занимавам со изработка на декоративни и миризливи свеќи па ако може да ме подржите, ова е инстаграм профилот. Фала однапред. https://www.instagram.com/enteralur?igsh=MWx2MTZjaTd4Z2tkbQ==
Поддржано. Супер ти се изработките, може да си пратиш и спонзорирани реклами на социјалните мрежи, доста помага. Доаѓа период на вљубени и денот на жената, па со среќа!
Па мислам дека ја има достигнато својата висина. Повеќе од 1m овие не растат. Hормална висина им е 50cm а ова твоето ми личи на 70cm. Очекувај само да шири а не да расте во висина.
Te molam iskustvo kako go odgleduvas cvekjevo. Go dobiv na podarok i do sega samo pozolteni lisja dobiv nisto povekje. Go cuvam na svetlina i go polevam ednas nedelno.
Ништо посебно не му правам, стои на место каде има светлина но не е директно изложено на сонце, просторијата е топла и го полевам 2 пати неделно. Дали просторијата каде што го чувате е ладна?