Женски, како да пресадам бонсаи дрвце во поголема саксија? И колку поголема да биде? И каква земја треба да купам?
Го земав пред 2 недели. Долниот лист почна да жолтее. Каде грешам? Само еднаш го полив со вода. Од сбајле има сонце.
Моето алое вера. Чекав да порасне една година. Дали е ова големина доволно голема или треба да расти уште ? И дали се користи вака како растение во нешто козметика домашна или во храна или не?
Имам шефлера околу 4-5 години и сега листовите се малку овенети, а и доста лисја паѓаат. Гледам има вошки и некои лисја се лепливи, со што можам да ја прскам, како да ја опоравам?
Во земјоделска аптека, побарај од тие системските инсектициди за растворање во вода што се, па полеј го цвеќето. Ефикасни се. Прскај ја шефлерата одвреме-навреме со отстојана вода, посебно во зимниве месеци кога воздухот е сув заради грејните тела. Сака хидратација на листовите.
Што мака си има што почна да ми жолтее? Цел ден има светлина во соба, малку околу 11-12 ја фаќа директно сонце и одржаваме дома константна тт околу 22-23°, ја наводнувам кога ја гледам земјата дека е подсушена. Каде ми е грешката ?
Имав исто само со розевко прошарано, едно од најдраматичните е ова. Дели прво место со антуриум по драма. Ќе видиш кога е жедно листовите ќе виснуваат. Му треба добра дренажа оти многу лесно може да му згнијат корените и многу многу е битно да му го погодиш местото. Ја не успеав да му го погодам на моето. И со ова не научив како. Не знам што праам погрешно и мене вака одвреме навреме ми се дешава по лист два да загуби. Не знам како да му погодам и не знам што да му праам. 2 години го имам на преживување е.
Го имам од ланскиот 8ми Март и од тогашните цветови кога му паднаа веќе не видов цвет Ама уште си го чувам со надеж дека ќе видам и јас
Женски молам помош - што цвеќе е ова? И што услови бара? Наводнување колку често? Не сум баш по цвеќињата а го добив на поклон