Здраво, Собните цвеќиња почнаа да ми пожолтуваат. Во глобала освен што скоро секогаш на ист временси интервал ги навиднувам, друго не превземам ништо околу нив. Дали можеби треба да се пресадат или пак да им дадам некаква дохрана? И од што може бамбусот да пожолтува? Спојлер
Здраво. Сакам да прашам од тие што се добро запознаени со собни цвеќиња. Сакам да земам да чувам ама не доволно се разбирам. Земав два кактуси и ми умреа за две недели. Ако некој сака да ми објасни во лп. И со кое цвеќе да почнам, колку вода да ставам, како да се пресади кога ќе расте итн. Благодарам однапред.
Snakeplant е најлесно за гледање според мене. Буквално со недели можеш да го оставиш без вода и нема гајле. Можеш било каков вид на pothos, еднаш во неделата вода. Peace Lily исто според мене се лесни за чување. Пресадување само доколку МОРА (ако веќе не ги собира корењата во саксијата ).
Што цвеќе е ова и какви услови бара ?! Оваа саксија таман му е ,или во уште поголема да го пресадам?! Беше во ептен малечка саксија донесено пред 3 мес
Почни со Драцени, дали тоа е трифасциата или некоја друга, нив и да си талент да ги умреш, тешко, сакаат вода кога ќе се исуши земјата, земи саксии со добра дренажа и тоа е тоа, нема политика посебно за змиите ака трифасциата, маргинатата е дрвце исто така многу издржливо.
Со замија нема шанси да промашиш, вода и да ја заборавиш тешко угинува исто и сансеверија. За овие две нема шанси да не ти успеат. Не барат многу светлина, титрење, само да ја наводнуваш на лето на 5 дена а на зима и ќе заборавиш кога е за вадење. Мене ми се омилени и покрај тоа што лесни се за одгледување. Посебно ја сакам замијата.
Овие последните како ти успеваат, прва година не купив, а нема ниту да купам веќе, за пола месец пепел стануваат Секое лето полнев тераса, џабе пари лупав, веќе не ги погледнувам.