Како да ги спасам цикламите, не знам веќе што им е мака. Кога беше минус ги изнесував, сега ги изнесов надвор ама некако ни таму ни ваму ги бива. Дури внатре како мувла да ми фатија а немаме влага дома. Ова прва година така да ми се деси. Кај мајка ми ептен убави густи лисја а ништо посебно не им прави. Секоја година по некоја се расипува и никако редот да им го фатам.
Девојки Ве молам за помош. Мајка ми има цвеќе јапонска ружа (цветот стои 24 часа после паѓа) ми остави задача да ја полевам, Но поради Хххх причини јас заборавив. Поминаа 3 недели од последното полевање, денеска кога се симнав да ставам вода тоа ливчињата како исушени. Кажете што да правам, како да ја живнам ако ја види Мајка ми во таква состојба тешко мене ќе биде.
Некој совет да ми дадете за цвеќето, си го купив за 8ми март преполно беше цвет. Сега почнаа да се расипуваат цветчината уште не отворени како да почнаа, да скапуваат. Вода му ставам долу во тацничето. Ја држам на не многу топло место а светло место.
Девојки ве молам да ми препорачате каде има голем избор на цвеќиња? Од каде најчесто купувате? Кои би ми ги препорачале за во стан? Љубител сум на цвеќиња,но немам искуство во одгледување…би сакала цвеќиња поголеми како дрво што растат
Има ли некоја финта слезените секогаш да се со цвет? Лани ми беа жива катастрофа, од жешко што беше ама и онака никакви ми беа. Каде можам да нарачам стапчиња во земја што се ставаат за да цветаат повеќе? Тенки се како чкорче, тука немам видено. Ако знаете каде има за нарачка.